Годишна Конференција На Македонската Берза

//Годишна Конференција На Македонската Берза

Годишна Конференција На Македонската Берза

Македонската Берза денеска ќе ја одржи 13. годишна конференција на која, меѓу другото, ќе биде потпишан и меморандум за соработка со Истанбулската берза, Турција.

Конференцијата со воведни обраќања ќе ја отворат заменик претседателот на Владата и министер за финанасии Зоран Ставрески, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и главниот извршен директор на Македонската берза Иван Штериев.

Вообичаено, ќе се дискутира за актуелните состојби во финансиската индустрија и ќе се промовираат идеи за натамошен развој на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија. Учесниците преку дебати и панел дискусии ќе имаат можност да  слушнат размислувања на реномирани домашни и странски експерти во врска со глобалните и локални макроекономски состојби и нивната рефлексија на пазарите на капитал, иднината на бизнис-моделите на берзите, како и нивните видувања за значењето и улогата на пост-трговската инфраструктура во националното и прекуграничното тргување со хартии од вредности.

Предвиден е и работен дел во чии рамки, покрај истакнати експерти од финансискиот сектор и идустријата на хартии од вредност во Република Македонија, ќе учествуваат и директорите на берзите во Турција, Словенија и Бугарија, директорот на Централниот депозитар за хартии од вредност на Хрватска, Главниот извршен директор за стратешки инвестиции во Морган Стенли, Чип Демпси, Ерик Бертранд, Главен консултант во НЅСЕ Еуронеџт и Габриел Годард, виш економист во Светска банка.

На конференцијата се очекува да присуствуваат претставници од финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност во Република Македонија, котираните компании и други акционерски друштва, државни и регулаторни институции, како и други лица чија дејност е поврзана со работењето со хартии од вредност или кои имаат интерес да инвестираат во македонскиот пазар на капитал за да се запознаат со финансиските актуелности, анализи и трендови во земјата, но и пошироко.

[custom_frame_center]Годишна конференција на Македонската берза[/custom_frame_center]

Извор: www.mtv.com.mk

Датум на објава: 04.05.2012

 

 

By | 2012-05-04T11:04:41+00:00 04/05/2012|Берза|