Годишна КВАНТИТАТИВНА И АВЕ анализа за компаниите

//Годишна КВАНТИТАТИВНА И АВЕ анализа за компаниите

Годишна КВАНТИТАТИВНА И АВЕ анализа за компаниите

Годишните анализи се приказ за присутноста на компаниите во медиумите во изминатата година.
КВАНТИТАТИВНАТА анализа е приказ за тоа колку објави имало во медиумите во печатените медиуми, колку на телевизија, колку на интернет; и во кои медиуми.
АВЕ анализата овозможува приказ за вредноста на објавите, кога ПР-от и медиумската застапеност ја третираме како класичен маркетинг.

AVE е англиска кратенка за AVERTISING VALUE EQUIVALENCY. Тоа е метод кој служи за споредување на цената на огласниот простор со соодветната бруто површина или бруто траење на објавите, со цел да се добие приближна комерцијалната вредност на објавата.

Треба да се истакне дека AVE методата не е во целост прецизен инструмент. Износот добиен според овој метод служи како илустрација за вредноста на објавите во случај кога ПР-от и постигнатата медиумска застапеност ги третираме како класичен маркетинг. Во тој случај AVE анализата е одобрена од страна на струката.

Цените на медиумскиот простор (печатени медиуми, телевизија, радио, интернет) PressClipping ги прикажува како аритметичка средина. Тоа значи дека е земен просек на огласниот простор за секој медиум. За интернет објавите се земаат во предвид цените за ПР текст.
Мерна единица во печатените медиуми е cm2, во електронските е секунда.
Податоците за димензиите на објавите во печатените медиуми ги добивме од нашата база на податоци.
Важно е да се нагласи дека агенциите може да имаат различни начини и вредности при избработка на AVE анализа.
Во AVE анализата цените се без ДДВ.

PressClipping

By | 2019-01-09T10:40:54+00:00 09/01/2019|Маркетинг|