Google Street View ќе ги снима Скопје, Битола и други градови

/, Македонија/Google Street View ќе ги снима Скопје, Битола и други градови

Google Street View ќе ги снима Скопје, Битола и други градови

Google објави дека од денес почнува со снимање на локациите низ Македонија, со цел подобрување на квалитетот на функцијата Street View во рамките на аликацијата Google Maps. Почнувајчи од 29 септември во Скопје и Битола како и во други градови во земјва ќе бидат снимени тродимензионални фотографии, а наредната година истото ќе продолжи и во други помали места. Планирано е да се покрие колку што може повеќе од патната мрежа, како и најинтересните места во земјава.

Министерството за информатичко општество и администрација имаше активна соработка со претставници на Google, со кои оствари повеќе средби со цел воведување на овој сервис во Македонија.

-Ми претставува задоволство што благодарение на Google Stret View може да се види Македонија во нова димензија преку компјутер или паметен телефон. Ова е особено важно за туризмот што ќе придонесе за подобро позиционирање на Македонија на светските туристички атрактивни дестинации, каде што убавината на нашата земја може да се види од било кој уред поврзан со интернет – смета министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Street view е многу популарна функција на Google Maps, која бше лансираа во мај 2007 година и веќе е достапна во 59 земи. Исто така, таа е достапна на Google Erath и на Google Maps за моблни телефони. Функцијата им овозможува на корисниците полесна навигација преку втируелно панорамско истражување на улиците.

За да може да ја следите функцијата потребен ви е брз интернет. Како на пример интернет пакетот4000 на кабелската телевизија БТВ, со почетна брзина до 45/6 мбит/с. По 2000 ГБ сообраќајот паѓа на 0.5/0.25 мбит/с. Месечната претплата 4000 денари со вклучен ДДВ.

[custom_frame_center]Google Street View ќе ги снима Скопје, Битола и други градови[/custom_frame_center]

Извор: www.setaliste.com.mk

Датум на објава: 22.09.2014