Грешки во Шминкањето од Кои ќе Изгледате Постаро

//Грешки во Шминкањето од Кои ќе Изгледате Постаро

Грешки во Шминкањето од Кои ќе Изгледате Постаро

Прочитајте кои работи треба да ги избегнувате, а кои навики треба да ги промените за да го искористите максимумот на сите козметички производи. Резултатот – младешко, негувано и прекрасно лице!

Дебел слој течна пудра

Носењето на дебел и густ слој течна пудра ќе направи да изгледате постаро. Затоа, заменете ја вообичаената „тешка“ пудра со лесна и светкава пудра или со тонизиран крем за лице со УВ-фактор. Вишокот пудра впијте го со сунѓер за шминкање или со чисто марамче. Обрнете особено внимание на областите со брчки. Токму таму пудрата најмногу се насобира.

Пресветла нијанса на течна пудра

Доколку пудрата е посветла од природната боја на кожата, ќе ви ги истакне линиите и брчките на лицето. Со стареењето треба да одбирате потемна боја на пудра. Една или две нијанси потемна пудра од бојата на кожата, збогатена со светкави честички е идеалниот избор на основа за шминкање.

Премногу пудра во прав

Користете пудра во прав само за да го редуцирате сјајот од носот и брадата. Со користењето пудра во прав на останатите делови од лицето правите кожата да изгледа сува и изморена.

Несоодветна употреба на руменило

Нанесувањето руменило само на јаболчниците го насочува погледот токму на свенатата кожа. Затоа, нанесете боја на целата коска на образите, не преблизу до носот. Повлечете неколкупати со четката од средината на образите, па нагоре, а внимавајте и при изборот на боја. Неутрална розова боја на руменило одговара на сечиј тен.

Темен и видлив кармин

Немојте да ги истакнувате тенките и изморени усни со темен кармин, пресветол или кармин со метален сјај. Наместо тоа, одберете кармин во неутрална розова боја или провиден сјај што нанесен во мал слој може да направи вашите усни да изгледаат полни и сјајни.

Молив за очи на долниот капак

Моливот за очи или тушот употребен на долниот капак може да привлече внимание на подочниците и на брчките околу очите. Исто така, исцртувањето на долниот капак визуелно ги смалува очите, па затоа нанесувајте моливче исклучиво на надворешната страна на горниот капак.

Маскара на долниот капак

И маскарата на долниот капак го дава истиот ефект како и мочивчето односно тушот за очи. Темните кругови под очите се работа што треба да ја прикриете со шминката, а не да ја истакнете, па затоа користете маскара во еден или два слоја исклучиво на трепките на горниот капак.

По сè изгледа дека клучот на добриот изглед се крие во умерената употреба на квалитетна декоративна козметика. Нејзиното нанесување на соодветните делови од лицето ќе ги прикрие недостатоците, а ќе ги истакне атрибутите.

[custom_frame_center]Грешки во Шминкањето од Кои ќе Изгледате Постаро[/custom_frame_center]

Превземено: www.style.mnogoo.mk

Датум на објавата: 03.06.2012

By | 2012-06-04T02:15:29+00:00 04/06/2012|Козметика|