Халкбанка Отвори Корпоративна Филијала

//Халкбанка Отвори Корпоративна Филијала

Халкбанка Отвори Корпоративна Филијала

[custom_frame_right][/custom_frame_right] ХАЛКБАНК АД Скопје вчера свечено ја отвори новата корпоративна филијала на банката во Скопје. Според плановите и целите кои Халкбанк ги реализира, следејќи ја својата стратегија континуирано да биде чекор поблиску до своите клиенти, ХАЛКБАНК Скопје ја отвори својата прва корпоративна филијала за ВИП деловни клиенти.

Со цел да им служи на клиентите кои имаат потреба од секојдневни банкарски услуги, истовремено бројни активности во деловното работење, отсега банката нуди можност за посебно раководење и работење со своите корпоративни клиенти. Целта е да се одвои работењето со население од правните лица, т.е. големите корпорации, заради поуспешно, навремено и ефикасно услужување и раководење на портфолијата на клиентите.

Локацијата на корпоративната филијала е во склоп на централата на банката, на бул. Мито Хаџивасилев-Јасмин. Филијалата наменета за големи клиенти меѓудругото претставува современ деловен центар за средби и состаноци на Банката со клиентите и со потенцијалните соработници.

ХАЛКБАНК е специјализирана во областа на кредитирање на мали и средни фирми, но во последно време се укажува потребата да се прошируваат услугите и за големите клиенти. Поддршката и знаењето кое Банката го има од својата матична банка и тоа како укажува и го помага овој процес, а работењето со големите компании е тенденција која Халкбанк има намера и капацитет да ја поддржи, а за тоа кажува и портфолиото на клиенти во моментов.

[custom_frame_center]Халкбанка Отвори Корпоративна Филијала[/custom_frame_center]

Превземено: www.vecer.com.mk

Датум на објавата: 03.11.2012

By | 2012-11-05T04:57:13+00:00 05/11/2012|Банки|