Иднината на Образованието – Таблети Наместо Тетратки и Книги

/, Образование/Иднината на Образованието – Таблети Наместо Тетратки и Книги

Иднината на Образованието – Таблети Наместо Тетратки и Книги

Истражувачите за човечки фактори одлучиле дека таблетите може да бидат искористени како помош за студентите за време на часовите. Тие нудат една платформа која вклучува белешки, тетратки, задачи и сѐ она што наставникот го напишал на таблата. Така, учениците би биле подобро организирани и ќе учат побрзо.

Со таблетите, предавањата се пренесуваат од предниот дел на училницата до сечиј компјутер. Работните тетратки се дигитализирани и се наоѓаат во таблетите. „Моите белешки беа  неорганизирани порано и никогаш не знаев од каде да почнам да учам, но потоа го добив таблетот и сега може да ставам сѐ во еден документ.“ , изјави Кајл Мар, ученик во средното училиште во Охајо.

„Технологијата која сакаме да ја искористиме за студентите ќе го смени начинот на учење и ќе го максимизира образовниот процес за нив“, вели Кен Колура, инжинер. Учениците од неколку средни училишта користеле таблети 24/7 во последните три години, во училиште и дома.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека на учениците им се допаѓаат придобивките. Наместо да носат големи книги и тетратки помеѓу паузите, тие носат само еден таблет. Освен тоа, таблетите овозможуваат подобра интеракција помеѓу учениците и наставниците, кои може да користат видеа или веб-сајтови во предавањата.

Единствените лоши страни на идејата се батериите на таблетот, кои траат кратко и ефектите на екраните врз очите на децата. Но, како што напредува технологијата, се очекува и напредок во проблематичните полиња.

[custom_frame_center]##Иднината на Образованието - Таблети Наместо Тетратки и Книги[/custom_frame_center]

Превземено: www.fakulteti.mk

Датум на објавата: 22.12.2012

Автор: Драгана Петрушевска