Интернационалниот дрогериски ланец DM Drogerie Markt сега и во Македонија

/, Козметика, Македонија, Маркети/Интернационалниот дрогериски ланец DM Drogerie Markt сега и во Македонија

Интернационалниот дрогериски ланец DM Drogerie Markt сега и во Македонија

Интернационалниот дрогериски ланцес сега и во Македонија:

DM Drogerie Markt отвора дрогерии во Скопје

dm drogerie markt – кој веќе работи во 11 европски земји како дрогериски ланец успешно профилиран во сегментите на убавина и на здрав живот – утре, 17 мај 2012 година, ќе ги отвори своите први дрогерии во Македонија. На локациите во ГТЦ и на Даме Груев бр. 7 во Скопје, компанијата dm, со седиште во Австрија, ги поздравува купувачите со слоганот Тука сум човек, тука купувам и со широкиот асортиман на производи, чиј што дел се познати светски марки, но и со сопствени брендови, сегмент во којшто се најголеми во Македонија. По повод отворањето на првите објекти, на сите купувачи во dm на денот на отворањето им е овозможено купување со попуст од 50 отсто на избрани атрактивни производи од асортиманот, додека првите четири дена од работата, од 17 до 20 мај, е обезбеден попуст од 15 проценти на целокупниот останат асортиман.

 Скопје, 17 мај 2012 година. Познатиот европски ланец, dm drogerie markt, чија успешна приказна трае речиси четири децении, од денеска, 17 мај 2012 година, ќе испишува нови страници и во Македонија. Оваа компанија, што веќе работи во 11 европски земји како дрогериски ланец успешно профилиран во сегментите на убавина и на здрав живот, продолжува во правецот на понатамошен развој и ги отвора првите dm дрогерии на територијата на Македонија: на локациите во ГТЦ и на ул. Даме Груев бр. 7  во Скопје, купувачите ќе можат да се израдуваат на широк асортиман производи со посебен акцент на сегментите на убавина и здрав живот.

dm постепено, чекор по чекор, се развиваше во правецот на Југоисточна Европа, при што, за нашата компанија отсекогаш од витално значење е да се прилагодиме на потребите на пазарот, како и на луѓето од подрачјето во кое што работиме. Македонија за dm во таа смисла е следен логичен чекор бидејќи овде среќаваме култура која што со своето расположение и животна радост многу добро се вклопува во концептот на dm. Тоа беше пресуден факт за нашата одлука да се претставиме на овој пазар – вели Марија Милошеска, менаџер на експанзија на dm во Македонија.

По повод отворањето на првите објекти, на сите купувачи во dm на денот на отворањето им е овозможено купување со попуст од 50 отсто на избрани атрактивни производи од асортиманот, додека првите четири дена од работата, од 17 до 20 мај, е обезбеден попуст од 15 проценти на целокупниот останат асортиман. На денот на отворањето, зад касите на новите дрогерии ќе седнат познатата водителка Лила Филиповска и популарниот ракометар и државен репрезентативец, Наумче Мојсоски. Тие ќе работат во добротворни цели, а целокупниот приход од нивната продажба ќе биде дониран на Неонатолошкиот оддел на Клиниката за детски болести. Со тие средства ќе се овозможи набавка на неопходни респираторни апарати.

 Широк асортиман дрогериски производи и дополнителен асортиман

– На нашите купувачи им пружаме широк асортиман од над 10.000 производи, меѓу кои се актуелни дрогериски продукти од областа на убавината и здравјето, негата на бебиња и деца, одржување на домаќинството, како и дополнителен асортиман, како сезонски производи, храна за домашни миленици и фото програма. Разновидниот асортиман на индустриски производи на најпознатите локални и светски брендови е дополнет и со приватната марка dm чија лепеза содржи повеќе од 2.500 производи. Тие во списанијата редовно се оценувани како одлични и на купувачите им обезбедуваат и до 40 проценти пониска цена во споредна со таа на конкуренцијата – истакна Марија Милошеска, менаџер на dm во Македонија.

Бројни дополнителни услуги

Покрај најдобриот сооднос на цена и квалитетот на производите на пазарот, dm во Македонија овозможува и висок квалитет на услуги. Во тоа спаѓа и гаранцијата на враќање, односно можноста за замена или враќање на парите за сета роба купена во dm, бесплатното пакување на подароците, како и можноста за безготовинско плаќање.

Сигурно работно место во компанија успешна на европско ниво

dm drogerie markt на пазарот во Македонија влегува со многу успешен и докажан концепт: во изминатата економска година, 2010/2011, концернот dm во Европа имаше приход од шест милијарди и 172 милиони евра (379.6 милијарди денари), што е раст од 9,29 проценти. Оваа компанија ширум Европа обезбедува сигурно работно место на повеќе од 40.000 вработени.

– Во Македонија моментно работат 15 личности во секторите на продажба, набавка, маркетинг и менаџмент, додека останатите активности се одвиваат со помош на колегите од Србија – објаснува Милошеска.

Модерен амбиент на најдобра локација

Дрогериите dm се модерни, разиграни и функционално поставени во согласност со стандардите на dm: купувачите во нив можат лесно и брзо да се снајдат, а притоа да се чувствуваат добро и пријатно. За тоа се одговорни широките патеки меѓу полиците, ниските просторни шкафови што овозможуваат добра прегледност, пријатното осветлување, како и целокупната атмосфера. Освен тоа, дрогериите dm се сместени на најдобри локации.

Во Скопје веќе во септември годинава се очекувањето на следната дрогерија во трговскиот центар Skopje City Mall. Продолжуваме со интензивно разгледување и планирање за отворања и во останатите градови во Македонија – истакна Марија Милошевска.

[custom_frame_center]Интернационалниот дрогериски ланцес DM Drogerie Markt сега и во Македонија[/custom_frame_center]

Датум на објава: 16.05.2012