Kаматите и в Година ќе Куртулат од Оданочување

//Kаматите и в Година ќе Куртулат од Оданочување

Kаматите и в Година ќе Куртулат од Оданочување

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Според некои пресметки, државата од оданочувањето на каматите на орочените заштеди годишно ќе можеше да прибере околу 8 милиони евра

Kаматите на орочените заштеди нема да се оданочуваат и во наредната година. Според информациите од Министерството за финансии, пресметувањето и плаќањето персонален данок на доход за граѓаните што остваруваат приходи од камати на орочени депозити ќе се одложи, односно нема да почне да се применува од Нова година, како што беше предвидено. Инаку, не е првпат ова непопуларно законско решение да се одложува.

– Да, поради кризата ќе има пролонгирање на одредбата за една година – гласеше кусиот одговор од Министерството за финансии на прашањето на „Дневник“ дали во Министерството размислуваат да ја одложат мерката што не ја сакаат ниту штедачите ниту банките бидејќи едните ќе добиваат помали приходи од камати, а другите сметаат дека тоа дестимулативно ќе влијае врз нивото на штедење.

Банкарите, како што дознаваме, веќе вршат подготовки за примена на одредбата бидејќи тие ќе мора да ги прават пресметките и да го уплаќаат персоналецот, а штедачите само ќе беа известувани дека нивната камата е помала поради платениот данок.

Според некои пресметки, државата од оданочувањето на каматите на орочените заштеди годишно ќе можеше да прибере околу 8 милиони евра. Тоа не е мала сума ако се има предвид дека другите буџетски приходи имаат тренд на намалување, што е одраз токму на кризата. Но, предупредуваат во банките, мерката лесно може да има бумеранг-ефект, односно да ги дестимулира граѓаните да штедат, особено што сега каматите на денарските, а особено на девизните заштеди се прилично депресирани. Највисоките камати за орочени денарски заштеди на една година изнесуваат 5-6 отсто, а кај еврата 3,5 отсто. Но, тоа се номинални камати. Ако се земе предвид инфлацијата која кај нас изнесува 2-2,5 отсто, реалната добивка е помала.

– Владата го префрли врз штедачите товарот на своето задолжување – вели еден финансиски експерт, кој има искуство во тргувањето со странски валути на девизните берзи. Според него, за тоа придонесоа мерките на монетарната политика на НБМ, односно ограничувањето на пласманите на банките за купување благајнички записи и помалата камата која ја добиваат за нив. Тоа ~ отвори простор на Владата да се задолжува поевтино, но и ги намали приходите на банките, кои пак, за да ги скастрат сопствените трошоци, ги намалија каматите на заштедите. Оттаму, вели овој експерт, ако на ова уште почне да се пресметува персоналец, ќе ги натера луѓето да ги вадат заштедите од банките.

Штедните влогови бележат постојан пораст. Според податоците од Фондот за осигурување депозити, на крајот на јули годинава вкупните депозити на населението изнесувале 2,89 милијарди евра, или 178 милијарди денари. По видување биле околу 40 милијарди денари, а другиот дел, односно околу 137 милијарди денари биле орочени денарски и девизни депозити.

– Последнава година забележлива е промена на структурата на заштедите, односно с` повеќе се зголемуваат денарските штедни влогови – вели Нина Настева, директор на Фондот. Таа објаснува дека во 2011 година 40,68 отсто од вкупните заштеди биле денарски, а сега тој процент се искачил на 47,3 отсто, односно се зголемил за цели 7 процентни поени. Тоа, според Настева, зборува за довербата кон домашната валута, но и за поголемата исплатливост за денарско штедење во однос на девизното. Плус, вели Настева, влијание имаат и психолошките фактори врзани за кризата во еврозоната и дилемите дали еврото ќе опстои како валута.

Настева вели дека е добро што ќе се одложи оданочувањето на орочените заштеди бидејќи кај нас с` уште е рано да се примени таква мерка зашто ако штедачите оценат дека не им се исплати штедењето, ќе почнат да ги повлекуваат парите од банките, а тоа може негативно да влијае врз целата економија.

Банкарите го поздравуваат одложувањето на мерката, но се скептични дека кризата е вистинската причина за пролонгирање на плаќањето персонален данок за каматите на орочените заштеди, туку дека вистинскиот мотив е наближувањето на локалните избори.

– Поради кризата, многу држави воведоа нови даноци или ги зголемија стапките на постојните. И нашиот буџет е празен, па на Владата сигурно добро ќе ~ дојдеше дополнителен приход – велат во една од банките.

[custom_frame_center]Kаматите и в Година ќе Куртулат од Оданочување[/custom_frame_center]

Превземено: www.dnevnik.com.mk

Датум на објавата: 30.08.2012

Автор: Мирче Јовановски

By | 2012-08-31T05:47:22+00:00 31/08/2012|Банки|