Каматите на Штедните Влогови Нема да се Оданочуваат

//Каматите на Штедните Влогови Нема да се Оданочуваат

Каматите на Штедните Влогови Нема да се Оданочуваат

Штедните влогови нема да се оданочуваат до влезот на Македонија во Унијата. Оданочувањето на приходите на камати требаше да стартува од 1 јануари следната година, но за да се стимулираат граѓаните и фирмите повеќе да штедат според Министерот Ставрески државата се откажува од 20 милиони евра приход годишно.

Штедните влогови нема да се оданочуваат до влезот на Македонија во Европската Унија. Наместо  од  идната година, Владата со нов рок ги стимулира граѓаните и фирмите да го зголемат штедењето, а банките да обезбедат стабилност за да го финансираат стопанството. Со измените во Законот за персонален данок, кои биле донесени на последната седница, Владата се откажува од околу 20 милиони евра сигурен приход.

Во европските земји практика е да се оданочуваат тие проходи и тоа би значело и регуларен приход за буџетот но како и низа други мерки кои што беа претдходно донесени владата одлучи дел од овие приходи да се откаже да не ги добие средствата на буѕхетот во корист на македонската економија, граѓаните односно штедачите, банките и пред се фирмите, рече Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Вкупните депозити во банките се околу 3,8 милијарди евра од кои 70% се штедни влогови на населението. Споредбено со истиот период лани тие се зголемени за 9%. Но сепак темпото е намалено во однос на претходниот квартал.

Според податоците на Народната банка во третото тромесечје вкупните депозити  на ѓраѓаните пораснале за 1,4% што е за половина помалку од претходниот квартал. Поизразен е падот кај фирмите чии заштеди во банка се намалиле за 8,9%.

Се очекува штедењето да се поттикне со новата одлука на владата.

Превземено: Сител

Датум на објавата: 13.11.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Марина Доковска

By | 2012-11-14T09:59:42+00:00 14/11/2012|Банки|