Казнети 8 Млекарници Поради Продажба на Лажни Производи

//Казнети 8 Млекарници Поради Продажба на Лажни Производи

Казнети 8 Млекарници Поради Продажба на Лажни Производи

Казна од 5 илјади евра заработиле 8 млекарници затоа што продавале растителни масти наместо сирење, кашкавал или урда што што ги довеле во заблуда потрошувачите. Според првиот човек на агенцијата за храна ниту една млекара не смее да продава сирење ако во него нема воопшто млеко.

Осум млекари заработиле казни бидејќи продавале лажни прозводи и ги доведувале потрошувачите во заблуда. Продавале растителни масти, а ги означувале како сирење, урда, павлака и останати млечни производи. Сите заработиле по 5.000 евра и веднаш ги повлекле производите од продажба. Според првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, правилникот за храна точно определува дека ниту една млекара не смее да продава сирење, а во него да нема воопшто млеко.

Производителот по правило не треба да го стави зборот сирење на својот производ доколку истото не е изработено исклучиво од сурово млеко. По правило неможе да се напише ни растелно сирење бидејќи такво нешто не постои. Може да се напише растителен производ меѓутоа во никој случај не смее да стои сирење, рече др Дејан Рунтевски, директор на АХВ.

Од идната година овие производи нема да смеат ниту да стојат на исто место со млечните производи при продажба. Агенцијата реши да ги оддели за потрошувачите полесно да ги распознаваат.

Доколу има работа за млечен производ таму да има само млечни производи а додека овие комплементарни или дури некои мешовити производи кои што неможат да се подведат во оваа категорија да бидат тргнати на страна во посебен дел, вели Дејан Рунтевски.

Поради чести измами од страна на млекарите, бугарските власти пред две години донесоа наредба според која сите преработувачи, па дури и ресторани морале да ги сменат имињата на  производите доколку користат расителни супстанци. Па така на пример, бугарите не смеат да го користат името на шопската салата доколу во неа не се користи вистинско сирење.

Превземено: Сител

Датум на објавата: 25.12.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Марина Доковска

By | 2012-12-26T05:16:06+00:00 26/12/2012|Млеко|