Kia со Нов Силен Играч на Македонскиот Пазар

//Kia со Нов Силен Играч на Македонскиот Пазар

Kia со Нов Силен Играч на Македонскиот Пазар

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Моделот Optima на Kia е веќе некое време во продажните центри на Киа Моторс Македонија, импортерот за корејскиот бренд кај нас, но сега е и официјално промовиран, како новина на која ќе мора да се смета во Д-сегментот.

-Во оваа класа има многу силни играчи, кои традиционално освојуваат поголем дел од колачот наречен македонски автомобилски пазар, но ние реално имаме многу силен адут. Моделот се потврди на самиот старт  на пазарите во светот, новата перјаница на Кia преку ноќ стана вистински бестселер, па затоа не крепи некој оптимизам дека тоа ќе го оствари и на овие простори, истакна директорот на Киа Моторс Македонија, Владо Билбилов.

Optima во споредба со својот претходник од Д-сегментот, моделот Magentis е многу подолга. Поточно нејзината должина изнесува 4.845 mm, широка е 1.830 mm и висока 1.455 mm. Поставена е на едно од најдолгите меѓуоскини растојанија во сегментот, дури 2795 mm. Нејзиниот изглед е резултат на работата на главниот дизајнер на компанијата, великанот на својот занает, Питер Шрејер. Овој модел поставува нови насоки во обликувањето на големи лимузини. Возилото е комплетно дизајнирано во центрите во калифорнискиот Ирвин и Франкфурт. Линиите му се флуидни, минималистички и пред се елегантни. Неговите мускулести пропорции и префинети контури зрачат со самодоверба. Гледајќи ја силуетата не може да не се примети врвната аеродинамичност, односно нискиот отпор на воздух од 0,29 Cw.

Внатрешноста нуди раскошна пространост за патниците и багажник од 505 литри. За спортски стајлинг, централната конзола е „свртена“ кон возачот, а некои од бројните hi-tech додатоци се: активен темпомат со функција ECO, камера во ретровизорот над главата, електрично грејан управувач, премиум аудиот Infinity со 12 канали и осум звучници со вкупна моќ од  550 W. Централната плоча е со додатоци од кожа, дрво и карбон. Optima пристигнува во три варијанти на боја во внатрешноста, крем, сива или црна.

Кај нас во понуда ќе бидат новиот 1,7 литарски дизелски агрегат U2 и 2,0 литарскиот бензинец. Моќноста кај дизелот изнесува 136 KS со мошне ниско ниво на CO2. Во изведба со start-stop (ISG) испушта само 128 g/km. Овој дизелаш има турбополнач со варијабилна геометрија, четири вентилска технологија и вртежен момент од 330 Nm. Во изведбата EcoDynamics, просечната потрошувачка е 4,9 l/100km. Optima во спрега со шестстепена мануелна трансмисија постигнува максимална брзина од 202 km/h. Во понуда е и 2,0 литарскиот бензински мотор со варијабилна геометрија на вентилите CVVL и 170 KS.

Optima веќе во основниот пакет пристигнува со богата опрема и бројни додатоци кои можеме да ги видиме во моделите од премиум брендовите: шест воздушни перници, ESP, TCS, ABS, EBD, BAS, состав за движење на нагорнина HAC и систем за активирање на сите трепкачи при нагло сопирање ESS. Во полуксузните пакети има Xenon светла, систем за навигација, греани задни седишта, електричен панорамски покрив, 18–инчни фелни…

[custom_frame_center]Kia со Нов Силен Играч на Македонскиот Пазар[/custom_frame_center]

Превземено: www.avtoplus.mk

Датум на објавата: 06.07.2012

By | 2012-07-07T07:08:08+00:00 07/07/2012|Автомобили|