Ќе се бираат нови супербрендови во Македонија

/, Македонија/Ќе се бираат нови супербрендови во Македонија

Ќе се бираат нови супербрендови во Македонија

Од денеска официјалнозапочнува гласањето за Супербрендс во Македонија за периодот 2013/2014 година.

Како што најавуваат од Супербренд Македонија, оваа година воведени се две новини, по прв пат ќе се гласа за општествено одговорна компанија, а се воведува и признанието Супербренд Адриатик, што оваа меѓународна компанија ќе го додели на брендовите кои ќе бидат изгласани во Македонија, но и во некоја од земјите на Адриатик регионот.

– Од денеска официјално најавуваме започнување на гласањето за новите Супербрендови но ги најавуваме и воведените промени. Покрај традиционалното гласање за супербренд, воведовме и категорија зелен супербренд, признание кое ќе го добијат компаниите кои најмногу се грижеле за животната средина. Покрај признанието зелен супербренд, новина е и прогласувањето на Супербренд Адриатик. Ова признание имаат можност да го добијат компаниите кои ќе бидат прогласени за Супербренд во Македонија но и во некоја од земјите на Адриатик регионот, вели Зоран Саздовски претставникот на Супербрендс за Македонија.

Супербрендс е присутен во 92 земји  и соработува со повеќе од 20.000 светски признати брендови и компании.

[custom_frame_center]Ќе се бираат нови супербрендови во Македонија[/custom_frame_center]

Извор: www.press24.mk

Датум на објава: 01.04.2013

By | 2013-04-01T13:51:59+00:00 01/04/2013|Економија, Македонија|