Конзерваторите по празниците ќе ги анализираат фреските во св. Димитрија

/, Македонија/Конзерваторите по празниците ќе ги анализираат фреските во св. Димитрија

Конзерваторите по празниците ќе ги анализираат фреските во св. Димитрија

Продолжува интересот на верниците, кои речиси од цела Македонија доаѓаа воСкопје за да ги видат промените на фреските во Црквата Св.Димитрија.

Уште од рано изутринава црквата беше преполна со народ. Некои од верниците и повеќе од половина час чекаат во редици за да влезат во Храмот на Македонската православна црква.

Утровo свештеници држеа литургија. Екипите на козерваторскиот центар, кои ќе треба дa вршат испитување на фреските, биле утринава, но најверојатно анализите ќе се прават по велгиденските празници, бидејќи дотогаш се очекува Храмот секојднeвно да биде полн, а тоа го отежнува работењето на екипите.

[custom_frame_center]Sitel[/custom_frame_center]

Извор: www.sitel.com.mk

Датум на објава: 10.04.2012

By | 2012-04-10T14:42:22+00:00 10/04/2012|Култура, Македонија|