Македонија ја Нема на Шангајската Листа

//Македонија ја Нема на Шангајската Листа

Македонија ја Нема на Шангајската Листа

Македонските универзитети се наоѓаат под илјадитото место на Шангајската листа. Од Владата сепак се подготвуваат повторно да издвојат 100 илјади евра од буџетот за рангирање на македонските универзитети затоа што сметаат дека тоа им помага на студентите и на компаниите.

Меѓу првите 500 најдобро рангирани светки универзитети на Шангајската листа нема ниту една  македонска високо образовна институција. Во редот на  нашите завршени студенти и наставен кадар нема нобеловци, мал е бројот на објавени  научни трудови во меѓународни списанија, а зад најдобрите заостануваме и по издвоените средства за научно – истражувачка работа.

Ако се споредат средствата за научно истражувачка работа на најдобрите македонски универзитети со оние на најдобрите светски универзитети, ќе утврдиме дека овие средства од македонските универзитети претставуваат едвај една десетина од средствата на највисоките рангирани универзитети.

Единствени универзитети од регионот кои се меѓу првите 500  се од Хрватска и од Словенија. Македонските високо образовни институции,  според сугестиите на претставниците од Шангај, можат да се изборат за повисоко место на ранг – листата преку ангажирање на светски афирмирани наставни кадри, но и преку споделување искуства со најдобрите.

Препораки има и нашето Министерство за образование и тоа до факултетите, бидејќи, како што рече претставникот Алексов, средствата кои ги издвојува нашата држава за научно истражувачка дејност се на слично ниво и во земјите во регионот.

Господинот Ченк повеќе зборуваше за средствата кои универзитетите ќе ги заработат од други извори, значи треба да се потрудат повеќе за да, за прилив на срества како резултат на научно истражувачки апликативна дејност која ќе им помогне да инвестираат во тоа, изјави Борче Алексов помошен раководител на секторот за високо образование.

Универзитетите според Алексов се одговорни и за проблемите со доставувањето податоци до Центарот во Шангај, поради што македонската ранг листа претрпе неколку промени  во позициите. Им недостасува, како што рече, искуство, но и база на податоци.

Повторно рангирање за кое од буџетот се издвојуваат 100.000 евра ќе биде извршено следната година. Евидентното сведување само на национални рамки не претставува проблем за министерството, бидејќи  како што велат, потребно е како критериум за избор на факултет или пак кадри.

Прв на шангајската ранг листа десет години наназад е универзиттеот Харвард. Со најмногу високо образовни установи на оваа листа учествува Америка, потоа Германија и  Англија, а веднаш зад нив се Кина, Јапонија, Италија и Канада.

httpv://www.youtube.com/watch?v=XYo6DObE-xU

Превземено: Телма

Датум на објавата: 10.07.2012

Термин: 18.30 часот

Автор: Сања Јовановиќ Дамјановска

 

By | 2012-07-11T06:16:06+00:00 11/07/2012|Образование|