Македонскиот Пазар на Капитал е Имун на Позитивниот Тренд

//Македонскиот Пазар на Капитал е Имун на Позитивниот Тренд

Македонскиот Пазар на Капитал е Имун на Позитивниот Тренд

Македонскиот пазар на капитал е имун на позитивниот тренд кој владее на светските берзи. Следува редовната Берзанска анализа.

Добредојдовте во редовната анализа на тргувањето со хартии од вредност. Помина третиот квартал од годинава. Сигурно ќе се памети како можеби најмонотон, најмалку тргуван тримесечен период од работењето на македонската берза во изминатите неколку години. Едноставно кажано : во овој период на пазарот на капитал не се случи буквално ништо што вреди да се одбележи.

Иако можеби звучи неверојатно, но изминатиот квартал индексот МБИ 10 се движеше помеѓу 1800 и 1860 единици. Дури и кај најголемите поддржувачи на пазарот ова создава апатија и незаинтересираност за активно вклучување, доколку се земе предвид статичноста на цените на македонските компании. Ако прашате некој кој се занимава со техничи анализи  што следи после ваков период на минимални осцилации на цените на акциите, одговорот најверојатно би бил дека: кога тогаш овој тренд ќе биде прекинат со позначаен пад или раст на цените. Еве на кое ниво се во моментов и како се тргуваат акциите.

МБИ 10 падна за 0,14% и заврши на 1819 поени.

Вкупниот промет неделава достигна 31 милион денари без блок трансакциите и јавните понди односно без малку 30% помалку во однос на минатата недела.

Најтргувани беа акциите на Комерцијална банка со вкупен прмет од 7,5 милиони денари.

Најголем раст остварија акциите на Метропол, 25%.

Најголем губитник пак беше Стопанска банка Битола.

Колку и далечни да изгледаат странските пазари, особено американските, сепак остварија значаен раст во истиот квартал. Почетокот на излезот од евродолжничката криза е на повидок и тоа најдобро го почувствуваа најзагрозените економии од периферијата на ЕУ, преку динамичен раст на индексите. Доказ е Словенија каде што берзата во изминатиот месец порасна за преку 20%. Ако се знае дека досега македонскиот пазар беше силно поврзан со случувањата на словенечкиот, и доколку се земе предвид заклучокот од претходно споменатата техничка анализа, се поставува прашањето : дали можеби сега не е вистински момент да се инвестира и да се оствари посакуваниот ефект? Одлучете сами, но внимавајте да не биде предоцна!

Довидување до следната Берзанска анализа на Алфа ТВ и КБ Публикум инвест.

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 05.10.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Христијан Стојчевски

By | 2012-10-08T08:03:15+00:00 08/10/2012|Берза|