Македонско Грозје ќе се Јаде во Словачка

//Македонско Грозје ќе се Јаде во Словачка

Македонско Грозје ќе се Јаде во Словачка

Во Словачка ќе се јаде македонско грозје, пиперки, зелка и краставици. Македонските земјоделци ќе извезат и 1.000 тони пиперки во Црна Гора и јаболка во Босна и Херцеговина. Пласманот на трпезно грозје за словачкиот пазар се договара деновиве со увозни компании од оваа европска земја на средба што ја организира „АгБиз“ програмата на УСАИД. Извозот на црно и бело трпезно грозје годишно на Македонија и’ носи по 18 милиони долари, но домашните производители сметаат дека имаат капацитет да извезуваат многу повеќе. Ако склучат зделки, идната година планираат и да го зголемат производството. Македонија произведува од 200.000 до 250.000 тони грозје. Околу 70.000 тони е трпезно, а 40.000 тони одат за извоз.

„Произведуваме 300 тони трпезно грозје, но имаме капацитет и за двојно повеќе“, вели Васка Мојсовска од неготински „Агрокалем“.

Покрај грозјето, за бизнисмените од Словачка се интересирани и можностите за увоз на свежо овошје и зеленчук од Македонија. Во маркетите во Словачка, Чешка и Романија ќе се најде македонска зелка, краставици, пиперки, но и вино и органски произведена храна.

Според амбасадорот на Словачка Роберт Кирнаг, македонските свежи производи можат да бидат конкурентни на нивниот пазар поради ниските цени и квалитетот.

„Околу 80 до 90 отсто од овошјето и зеленчукот во Словачка се продава преку синџирите маркети, а се увезува најчесто од Италија, Шпанија, Австралија. Соработката со синџирите е начинот на кој македонските производители и дистрибутери можат да влезат на нашиот пазар“, рече Кирнаг.

Радим Ханцлик од чешката увозна компанија „Хортинг интернешнал“ потврди дека се дојдени во Македонија за изнаоѓање партнери и унапредување на соработката.

„Заинтересирани сме за трпезното грозје, кое сега го увезуваме од Италија. Сепак, во Македонија ќе разговараме и за други свежи производи, како пиперки, краставици, зелка, всушност не интересира се што е свежо“, изјави Ханцлик.

[custom_frame_center]Македонско Грозје ќе се Јаде во Словачка[/custom_frame_center]

Превземено: www.utrinski.com.mk

Датум на објавата: 06.11.2012

Автор: Сања  Наумовска

By | 2012-11-07T08:22:08+00:00 07/11/2012|Земјоделство|