Медиуми

/Медиуми
Медиуми 2017-06-09T18:06:02+00:00

Медиуми

Во нашата секојдневна работа постојано следиме 4 групи  медиуми: печатени медиуми, интернет портали, телевизија и радио.

Овие групи  медиуми воедно претставуваат и пакети кои корисниците можат да ги одберат за следење.

На листата на печатени медиуми се наоѓаат дневни, неделни и месечни печатени медиуми и периодични публикации. Бројот на медиуми кои се следат е променлив, во зависност од тоа дали излегуваат нови медиуми, или пак други се гасат. На листата на медиуми кои ние ја бираме за следење, влијае интересот на нашите корисници. Доколку постои поголема побарувачка за некоја публикација која не е на редовната листа на медиуми, ние ја додаваме на нашата листа за редовно следење.

Листата на интернет портали ги опфаќа порталите кои се занимаваат со економија и бизнис, т.е. чии содржини се сеопфатни и ги покриваат случувањата од областа на политиката, економијата, културата, спортот… тие кои воедно ги задоволуваат критериумите за посетеност. На листата, исто така,  се наоѓаат и портали кои се занимаваат со специфични области, а кои ги додадовме на листата на медиуми на барање на нашите корисници.

Вестите на Телевизија и Радио се одбрани според критериумите на гледаност и слушаност  и според областа која ја покриваат: политика, економија, култура, спорт, итн. Оваа листа се менува во зависност од програмските шеми. Ги следиме и ги  обработуваме  сите емисии надвор од термините за вести, на барање на нашите клиенти.

Доколку сте наш клиент, листата на медиуми за следење секогаш ви е достапна на ваше барање.

*За сите медиуми и емисии кои не се наоѓаат на нашата листа, постои можност за следење со дополнителен надомест.