MIG

/MIG
MIG 2017-05-26T11:40:17+00:00

MIG

Уште во далечната 1991 година група млади ентузијасти посака да го најде одговорот на вечното прашање: – Кој е начинот најдобро да се измери ефектот од комуникацијата и односите со јавноста?

Како одговор на ова прашање, во април 1994 година во Марибор, Словенија,  основана е компанијата Press clipping. Тогаш се почнало со следење на медиумите и одредување на вредноста на објавите при појавувањето на компаниите во медиумите. Нивни први корисници биле Мура, ТАМ, Заводот за вработување, Кредитна банка- Марибор, Министерство за екологија…

Компанијата истата година станува членка на светското здружение на агенции за следење на медиуми FIBEP (Federation Internationale des Bureaux ‘Extraits de Presse).

Во 1999 година отворено е претставништво во Хрватска,  Загреб, па веднаш потоа и компанија во Хрватска, Press clipping.  Развојот на компанијата стана се побрз, па како резултат на тоа во 2003 година основан е Press clipping во Подгорица, додека во текот на 2004 и 2005 се основани и компаниите Press clipping Banja Luka Saraevo, Mostar, Media clipping Beograd и Press clipping Македонија.

Компанијата во Македонија, покрај својата дејност во Македонија, за кратко време ја прошири дејноста за мониторинг и анализа на медиуми и на територијата на Косово и Албанија.

Сите компании кои беа создадени во периодот од 1994 до 2005 година, денес заедно се MEDIA INTELLIGENCE GROUP. Денес групацијата, заедно со надворешните соработници, има вработено и ангажирано повеќе од 200 луѓе кои секојдевно следат повеќе од 2000 медиуми во согласност со потребите и желбите на корисниците, кои денес се околу 1000.