Минимален Пад на Уделот на Странски Инвеститори во Компаниите од МБИ-10

/, Берза, Здравство/Минимален Пад на Уделот на Странски Инвеститори во Компаниите од МБИ-10

Минимален Пад на Уделот на Странски Инвеститори во Компаниите од МБИ-10

Учеството на странски инвеститори во основната главнина кај компаниите од МБИ-10 се намалува, покажува најновиот месечен статистички билтен на Македонската берза за февруари. Сепак, падот е минимален.

Кај Комерцијална банка намалувањето на странските инвеститори во капиталот изнесува 0,56 процентни поени. Со тоа, 51,74% од главнината на Комерцијална останува во рацете на странски инвеститори.

Речиси кај сите други компании коишто го сочинуваат МБИ-10 во февруари се забележува намалување на учеството на странски инвеститори во основната главнина, освен кај Топлификација, каде што уделот на странските инвеститори се зголемил за 0,6 процентни поени. Со тоа, 19,97% од капиталот на Топлификација е во сопственост на странски газди.

Од компаниите од МБИ-10, Макстил има најдоминантно учество на странски инвеститори, кои поседуваат 83% од капиталот.

Коефициентот цена на акција во сооднос со добивка по акција пак, во февруари е најголем кај Стопанска банка од Битола и кај Макстил. Кај овие компании овој коефициент изнесува 52,67 и 45 соодветно.

Најголем дивиденден принос имаат акциите на Македонијатурист, и тоа од 6,26%. Поголем дивиденден принос имаат и акциите на Комерцијална банка, 6,24%, ТТК банка од 4,7% и Алкалоид од 3,96%.

Превземено: www.kapital.mk

Датум на објавата: 07.03.2012

By | 2012-03-08T06:26:12+00:00 08/03/2012|Банки, Берза, Здравство|