Мобилна апликација за комуникација со општина Карпош

/, Македонија/Мобилна апликација за комуникација со општина Карпош

Мобилна апликација за комуникација со општина Карпош

Општина Карпош ќе биде меѓу единствените локални самоуправи која ќе има мобилна апликација, достапна за корисниците на IOS и Android, за пријавување на проблеми, давање на препораки и идејни решенија на територија на Карпош.

Апликацијата ќе биде достапна од октомври, а е подготвена од страна на организацијата Блинк 42 – 21 чии претставници денеска одржаа презентација за функционирање на апликацијата, пред претседателот на Совет, Андреј Манолев, како и пред дел од членовите на Советот.

На овој начин се зголемува и достапноста и транспарентноста на локалната самоуправа, а се обезбедува уште еден канал за комуникација со сите граѓани.

http://karpos.gov.mk/vest/7912