Модна недела и во Скопје Сити Мол

/, Македонија/Модна недела и во Скопје Сити Мол

Модна недела и во Скопје Сити Мол

Како продолжение на „Fashion Weekend 2013“ од 11-ти до 13-ти април, во Скопје Сити Мол ќе се одржи првиот “Ready to wear” fashion weekend во Македонија со почеток од 20:00 часот.

Оваа манифестација претставува сосема поинакво модно случување кое има за цел да прерасне во традиција на прослава на уличната мода.

Во текот на трите дена од 11-ти до 13-ти април, со почеток од 20:00 часот ќе се претстават преку 20 светски модни брендови од трговскиот центар со најновите колекции од сезоната пролет/лето 2013.

Просторот во тие три дена ќе наликува на вистинска модна писта, а настаните ќе се одржат во приземјето на трговскиот центар.

Покрај  ревијалниот дел, програмата ќе биде збогатена со after fashion party забавa во Bo Bowling на вториот кат со коктели, видео караоке и DJ Гоце Саф.

[custom_frame_center]Модна недела и во Скопје Сити Мол[/custom_frame_center]

Извор:  www.makfax.com.mk

Датума на објава: 11.04.2013

By | 2013-04-11T14:11:18+00:00 11/04/2013|Култура, Македонија|