Наградно Патување во Прага по Промотивна Цена!?

//Наградно Патување во Прага по Промотивна Цена!?

Наградно Патување во Прага по Промотивна Цена!?

Добивате понуда за наградно патување во Прага по промотивна цена. Уплаќате но ниту ќе ја видите Прага ниту пак парите назад. Туристичката агенција Јупитер пак успеа да измами уште една група граѓани.

Платиле за викенд во Прага, а останаа дома. Граѓаните кои резервираа патување преку туристичката агенција Јупитер се повторно измамени. Ниту заминаа на наградниот викенд, ниту пак си ги добија парите назад.

На 01.11 во 13 часот ни се јавија телефонски дека патувањето е одложено поради тоа што парното е откажано во Прага, хотелот каде што требало да бидеме, да престојуваме.

Значи 2 часа пред тргнување?

2 часа пред тргнување. Потоа ми понудија следната недела да одам меѓутоа јас неможам да одам да патувам кога сакаат тие. Неможам да земам јас одмор кога сакаат, рече Исмет Реџепи.

Пред две недели група граѓани се пожалија дека патувањето за Прага им било откажано пред самото заминување, со образложение дека се одложува поради проблеми во хотелот каде требало да бидат сместени. Тогаш, од Државниот пазарен инспекторат рекоа дека ќе го испитаат проблемот до крај и доколку се утврди пропуст во работата на агенцијата лиценцата ќе им биде одземена. На граѓаните кои платија за патувањето им беше ветено дека парите ќе ги добијат назад. Правдата, велат ќе ја бараат преку надлежните институции.

Ни ветија дека средствата ќе ни бидат вратени наредниот ден, од тогаш до ден денес пари ми немаат исплатено. Има начин, затоа постои УЈП, полиција, суд натаму кај ќе одиме ќе видиме сега од утре натаму, вели Реџепи.

По одговор тргнавме во Туристичката агенција Јупитер, но нивната канцеларија во Т.Ц. Беверсли Хилс беше затворена. Јупитер понудите за наградно патување во Прага ги испраќа по случаен избор и тоа преку интернет. Граѓаните се револтирани што добиле таква промотивна порака. Сметаат дека нивните лични податоци се неовластено искористено за директен маркетинг.

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 18.11.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Биљана Божиновска

By | 2012-11-19T09:26:19+00:00 19/11/2012|Туризам|