Нашминканото Лице не Сака Крем за Сонце

//Нашминканото Лице не Сака Крем за Сонце

Нашминканото Лице не Сака Крем за Сонце

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Во пос­лед­но вре­ме најм­но­гу се пи­шу­ва и се збо­ру­ва за важ­но­ста на за­шти­та­та во ле­то од штет­ни­те сон­че­ви зра­ци за да се спре­чи на­ста­ну­ва­ње­то на не­са­ка­ни­те пос­ле­ди­ци од пре­те­ра­но­то из­ло­жу­ва­ње на сон­це.

За­штит­ни­те кре­мо­ви по­ве­ќе не слу­жат са­мо за за­шти­та од из­го­ре­ни­ци, ту­ку и од пред­вре­ме­но ста­ре­е­ње на ко­жа­та и од на­ста­ну­ва­ње на рак на ко­жа.

Дер­ма­то­ло­зи­те ви до­не­су­ва­ат од­го­во­ри на че­сти­те пра­ша­ња за кре­мо­ви­те за за­шти­та од сон­це.

Ко­га исте­кол ро­кот на тра­е­ње на кре­мот за за­шти­та од сон­це?

Не­кои кре­мо­ви има­ат оз­на­че­но рок на тра­е­ње на ам­ба­ла­жа­та, до­де­ка не­кои – не. Исто та­ка, одре­де­ни кре­мо­ви има­ат по­долг рок на тра­е­ње, не­кои по­кра­ток, а сѐ за­ви­си од фор­му­ла­та на кре­мот. Кре­мо­ви­те што со­др­жат раз­ни хе­ми­ка­лии, со те­кот на вре­ме­то ста­ну­ва­ат по­мал­ку ефи­кас­ни, а фи­зич­ки­те бло­ка­то­ри (цинк или ти­тан) мо­жат да по­тра­ат и до три го­ди­ни. До­кол­ку на сво­јот крем не мо­же­те да про­нај­де­те да­та на исте­ку­ва­ње на ро­кот, нај­си­гур­но би би­ло по ед­на го­ди­на да го фр­ли­те.

Да­ли кре­мо­ви­те во спреј се де­ло­твор­ни?

Кре­мо­ви­те во спреј, од­нос­но ло­си­о­ни­те шти­тат ед­на­кво до­бро ка­ко и обич­ни­те кре­мо­ви во дру­га ам­ба­ла­жа. Единс­тве­на раз­ли­ка е во на­не­су­ва­ње­то. Име­но, кре­мот во спреј мо­ра на ко­жа­та да го на­не­се­те во по­го­ле­мо ко­ли­чес­тво. На­не­се­те го та­ка што ќе мо­же­те да го ви­ди­те сло­јот на кре­мот на ко­жа­та. Ду­ри и ако е про­ѕи­рен, ќе за­бе­ле­жи­те влаж­на тра­га. Овој пре­па­рат се на­не­су­ва ду­ри отка­ко ќе ста­ви­те до­во­лен слој оби­чен крем на ко­жа­та.

Ка­ко по­втор­но да на­не­се­те крем ако сте наш­мин­ка­ни?

За аде­кват­на за­шти­та од сон­це, кре­мот тре­ба да го на­не­су­ва­те на се­кои два ча­са, ду­ри и ко­га сте наш­мин­ка­ни. Во те­кот на лет­ни­те ме­се­ци на­не­су­вај­те коз­ме­ти­ка ко­ја ве­ќе има за­шти­тен фа­ктор. На тој на­чин ќе го за­шти­ти­те ли­це­то од не­га­тив­но­то дејс­тво на сон­це­то. По­жел­но е, се­пак, да го на­не­су­ва­те кре­мот за за­шти­та од сон­це на чи­сто, не­наш­мин­ка­но ли­це, за да се из­бег­нат евен­ту­ал­ни­те ири­та­ции и алер­гии. И нај­ква­ли­тет­на­та шмин­ка по­не­ко­гаш со­др­жи одре­де­ни ви­до­ви хе­ми­ка­лии, кои во ком­би­на­ци­ја со друг пре­па­рат на ко­жа­та мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат не­са­ка­ни нус-по­ја­ви.

[custom_frame_center]Наш­мин­ка­но­то Ли­це не Сака Крем за Сон­це[/custom_frame_center]

Превземено: www.plusinfo.mk

Датум на објавата: 07.08.2012

By | 2012-08-10T10:30:42+00:00 10/08/2012|Козметика|