Неделен Берзански Преглед

//Неделен Берзански Преглед

Неделен Берзански Преглед

Состојбите на македонската и на светските берзи се тема на редовниот неделен берзански преглед низ кој ве води Христијан Стојчевски.

Како тргна берзата во слободен пад, да помисли човек дека следната фаза е бесплатно продавање на акциите.

Добредојдовте во редовната неделна анализа на тргувањето со хартии од вредност.

Да видиме  зошто вкупниот раст забележан од почетокот на годинава е избришан и зошто цените повторно се доближуваат до најниското ниво годинава.

За волја на вистината, и случувањата на странските пазари на капитал не одеа во полза на македонскиот, но тоа воопшто не треба да  е оправдување за негативниот тренд што преовадува на берзата веќе седма недела по ред. Деновиве вредноста на компаниите мерена преку МБИ 10 е намалена за 10 проценти од максималната вредност во 2012-тата. Ликвидноста на тргувањето и понатаму е на очајно ниско ниво што предизвикува високи ценовни осцилации во текот на тргувањето и дополнително го прави пазарот неатрактивен. Моменталните цени на акциите веќе го имаат вкалкулирано намалувањето на стапката на економски раст на земјава, па сепак интересот за инвестирање и понатаму е незначителен. Еве детален преглед.

МБИ 10 заврши на 1.947 индексни  поени, што е намалување за безмалку 1%.

Вкупниот промет достигна 22 милиони денари без блок трансакциите и јавните понуди т.е. 13% помалку од минатата недела.

Акциите на Алкалоид беа најтргувани со промет од 5,5 милиони денари.

А најголем добитник беше Тутунски комбинат од Прилеп, со раст од 67%.

Најмногу паднаа акците на Метропол.

Навистина во овој период е многу тешко да се предвиди до кога ќе трае ваквата депресивна состојба, но јасно е дека токму ваквите моменти се вистинска можност за инвестирање кое што на долг рок ќе ги даде посакуваните ефекти, и од очекуваните дивиденди, и од капиталните добивки.

До следната берзанска анализа на Алфа и КБ Публикум Инвест, идниот петок, ве потсетувам дека најголем ризик е да не се ризикува!

httpv://www.youtube.com/watch?v=Iy-NOZc7Dxo

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 20.04.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Христијан Стојчевски

By | 2012-04-21T01:22:25+00:00 21/04/2012|Берза|