НЛБ Тутунска Банка со Нова Експозитура кај Соборниот Храм

//НЛБ Тутунска Банка со Нова Експозитура кај Соборниот Храм

НЛБ Тутунска Банка со Нова Експозитура кај Соборниот Храм

[custom_frame_right][/custom_frame_right] НЛБ Тутунска банка ја прошири деловната мрежа со нова експозитура на бул. „Климент Охридски” број 30 во Скопје. Експозитурата го опслужува сегментот население и правните субјекти.

Првите десет штедачи во новата експозитура, како што соопштуваат од банката, ќе добијат бесплатна кредитна картичка Visa Classic или MasterCard Standard, а првите корисници на електронско банкарство за физички лица – НЛБ Клик, ќе добијат бесплатен НЛБ мТокен – апликација за мобилен телефон за генерирање на еднократни лозинки при плаќање преку НЛБ Клик.

“НЛБ Тутунска банка во континуитет бележи пораст во банкарството на мало. Експозитурите располагаат со високостручен тим кој на клиентите ќе им ја образложи понудата на продукти и услуги од портфолиото на НЛБ Тутунска банка”, велат од банката.

Деловната мрежа на НЛБ Тутунска банка ја сочинуваат 48 експозитури во Македонија, од кои 22 локации се во Скопје, а останатите се дисперзирани во другите градови во републиката.

[custom_frame_center]НЛБ Тутунска Банка со Нова Експозитура кај Соборниот Храм[/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 30.08.2012

By | 2012-08-31T05:35:45+00:00 31/08/2012|Банки|