Нов Голф и Послаби Прогнози за Фолскваген

//Нов Голф и Послаби Прогнози за Фолскваген

Нов Голф и Послаби Прогнози за Фолскваген

[custom_frame_right][/custom_frame_right]Фолскваген ја претстави седмата генерација на популарниот Голф на автосаемот во Берлин, но неколку дена подоцна компанијата направила и надолна корекција на прогнозата за продажба на автомобили годинава.

Како што објави германскиот весник Ханделсблат, компанијата ги намалила деловните очекувања за 300 илјади возила или 10% од производството заради слабата европска економија.

Фолксваген признава дека бројките ќе бидат помали, но демантира дека станува збор за толкаво кратење. Информацијата на Ханделсблат вели дека најголем дел од кратењето се однесува на европскиот пазар, каде што се очекува да се продадат 250 илјади возила помалку од првичната прогноза.

– Ситуацијата на некои пазари е напната и следните месеци ќе бидат значително потешки, но на компанијата се уште и оди добро, изјавил портпарол на Фолксваген.

Од почетокот на производството во 1974, Фолксваген има продадено над 29 милиони Голф автомобили. Најновата верзија ја имаше светската премиера на 4 септември. Компанијата има амбиција со него да ја надмине Тојота како најголем производител на автомобили во светот.

Превземено: www.ekonomski.mk

Датум на објавата: 09.09.2012

By | 2012-09-10T04:08:59+00:00 10/09/2012|Автомобили|