Нов „Рамстор Центар”

//Нов „Рамстор Центар”

Нов „Рамстор Центар”

Тетово го доби третиот супермаркет „Рамстор”. Модерно дизајнираниот простор од 850 квадратни метри нуди широка палета од над 15.000 производи кои ќе ги задоволат потрошувачките потреби на околните населби и факултетите.

Богатата понуда на разновидни артикли е дополнета и со широк асортиман на овошје и зеленчук, пекарница и месарница. Маркетот има 40 вработени.

Дел од отворањето на новиот маркет „Рамстор” во градот беше и градоначалникот на Тетово, Сади Беџети. Горд е што три од шесте маркети на „Рамстор” во Македонија се токму во Тетово.

Синџирот на проширување со нови супермаркети не запира тука. Супермаркетот „Тетово 3″ е само почеток на планираното проширување со супермаркети. Следниот супермаркет „Рамстор” ќе биде отворен во декември, во Струга.

Иако е дел од интернационалната мрежа присутна во повеќе држави под закрила на мајката-фирма „Мигрос”, што е најголем синџир на супермаркети во Турција, „Рамстор” работи со стратегија да соработува со локалните увозници, произведувачи и дистрибутери, со што активно учествува во поттикнување на македонската микроекономија.

[custom_frame_center]Нов „Рамстор Центар"[/custom_frame_center]

Превземено: Ден

Датум на објавата: 23.11.2012

Автор: С. Атанаскоска

By | 2012-11-23T11:10:56+00:00 23/11/2012|Маркети|