Нови поволности со Visa деловните картички

//Нови поволности со Visa деловните картички

Нови поволности со Visa деловните картички

Сите правни лица кои ќе аплицираат за Visa Business Debit, Visa Business Revolving или Visa Corporate деловните картички од Комерцијална банка во промотивниот период од 15.08. до 30.09.2014 година ќе можат да ги користат сите бенефиции од овие платежни инстурменти без да плаќаат членарина за првата година.

Ова ослободување ќе важи за правните лица кои првпат ќе аплицираат за картичка, но и за оние кои веќе имаат картички, а ќе сакаат да аплицираат за дополнителни картички за своите вработени.

Воедно, првите 100 правни лица кои во овој промотивен период ќе направат најмалку 10 трансакции и вкупен промет на продажни места од 60.000,00 денари ќе добијат гифт картичка за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 3.000,00 денари.

[custom_frame_center]Нови поволности со Visa деловните картички[/custom_frame_center]

Ивор: www.faktor.mk

Датум на објава: 13.08.2014

By | 2014-08-13T13:46:41+00:00 13/08/2014|Банки|