Новиот станбен комплекс на Enta Seal покрај Вардар готов до јуни!

//Новиот станбен комплекс на Enta Seal покрај Вардар готов до јуни!

Новиот станбен комплекс на Enta Seal покрај Вардар готов до јуни!

Доколку замислувавте дали е возможно да се живее близу до центар, но сепак далеку од градскиот метеж, во градба која е спој на луксуз и квалитет, опкружени со атмосфера на вистински рај, зачинета со летниковци и паркови и згора на тоа, непроценлив поглед кон реката Вардар, – тогаш токму таа замисла е во зрела фаза на реализација.

До јуни оваа година компанијата Enta Seal ќе го доврши прекрасниот станбен комплекс, Проект К, кој почна да никнува пред 6 месеци на површина од 7000 м2 на кејот на реката вардар, во близина на хотелот Александар Палас. Она што вистински го издвојува овој станбен комплекс од останатите згради е:

1.Непречен поглед кон Вардар – еквивалент на живот во метропола.

2.Опкруженост со зеленило, паркови и детски игралишта. Од вкупна површина од 7000 м2, комплексот ефикасно користи 3000м2, додека останатите 4000м2 се икористени за претворање на просторот во вистински животен простор, исполнет со уживање и пријатност.

3.Подземен паркинг за секој стан. Просториите предвидени за паркирање на возилата се поврзани со становите со лифт.

4.Сопствено ладење и греење за секој стан, што пак нуди максимална заштеда и контрола врз трошоците.

Визијата која Enta Seal ја реализираат преку Проектот К е градење на вистински животен простор. Со оваа визија Enta Seal создаваат повеќе од станови. Со Проектот К, на пат се да изградат вистински домови.

[custom_frame_center]Новиот станбен комплекс на Enta Seal покрај Вардар готов до јуни!Новиот станбен комплекс на Enta Seal покрај Вардар готов до јуни![/custom_frame_center]

Извор: www.faktor.mk

Датум на објава: 12.02.2013

 

 

 

By | 2013-02-12T14:36:40+00:00 12/02/2013|Uncategorized|