Од петок Chr Hansen со канцеларија во Скопје

/, Здравство/Од петок Chr Hansen со канцеларија во Скопје

Од петок Chr Hansen со канцеларија во Скопје

Реализирање на проекти за иновативни прехранбени производи без синтетски бои и било какви додатоци, односно clean label, ќе овозможи првата канцеларија на данската фирма Chr Hansen во Македонија.
Канцеларијата ќе биде официјално отворена во петок, а ќе се наоѓа на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Мери Илиеска, раководителот на Chr Hansen, вели дека станува збор за дел од глобална стратегија за воспоставување на соработка меѓу науката и индустријата.
“Ги следиме големите и глобални идеи на 21 век кои вклучуваат промени при изборот на млад кадар во индустриите, мерење колку студентите можат да го применат стекнатото знаење, а не колку време поминале на факутет. Сакаме да се потенцира значењето на истражувачките проекти во соработка со прехранбената индустрија”, вели Илиеска.

Chr Hansen обезбедува култури, ензими и пробиотици за млечната индустрија, природни бои за прехранбената индустрија, диетски додатоци, а целата палета на производи е според светските стандарди.
Се проценува дека повеќе од 500.000 луѓе во светот денес конзумираат производи со Chr Hansen состојки. Компанијата има отворено свои канцеларии во 15 земји.

[custom_frame_center]Од петок Chr Hansen со канцеларија во Скопје[/custom_frame_center]

Извор: www.bi.mk

Датума на објава: 18.12.2013

By | 2013-12-18T13:55:21+00:00 18/12/2013|Економија, Здравство|