“Оф-фест” Почнува Со “Афрокубан ол старс”

/, Музика/“Оф-фест” Почнува Со “Афрокубан ол старс”

“Оф-фест” Почнува Со “Афрокубан ол старс”

Хуан де Маркос Гонзалес, еден од највлијателните кубански музичари, во придружба на популарниот „оркестар „Афрокубан ол старс”, в петок во „Универзална сала” ќе го отвори 11 издание на „Оф-фест”.

За почеток, на 1 јуни во „Универзална сала” ќе ја чуеме најголемата ѕвезда на годинашниот „Оф-фест”, Хуан де Маркос Гонзалес, најголемата кубанска музичка ѕвезда во изминатите 20-30 години, во придружба на популарниот оркестар „Афрокубан ол старс” – вели Оливер Белопета, директорот на фе-стивалот, најавувајќи го човекот кој беше виновен за формирањето на легендарниот „Буена Виста сошал клаб”.

Седум концерти содржани во четири дена, групи и артисти од Куба, Турција, Франција, САД, Африка и од Македонија, од 1 до 5 јуни ќе го одбележат годинашниот фестивал кој, како што соотшти Белопета, продолжува да ја презентира музиката од сите континенти.

Со идејата да ја презентираме т.н. светска музичка сцена, продолжуваме и годинава. Досега, во изминатите десет изданија опфативме музика од сите континенти. Секако, на овој фестивал нудиме и т.н. мејнстрим музика, алтернативни влијателни групи, вели Белопета.

Освен концертот на отворањето, друтите настани ќе се одржат на сцената во Македонската опера и балет.

[custom_frame_center]Оф-фест почнува со Афрокубан ол старс[/custom_frame_center]

 Автор: Ден

Датум на објава: 31.05.2012

 

By | 2012-05-31T08:57:13+00:00 31/05/2012|Македонија, Музика|