Официјално Windows 10 – Големо позитивно изненадување

//Официјално Windows 10 – Големо позитивно изненадување

Официјално Windows 10 – Големо позитивно изненадување

Microsoft сосема неочекувано без никаква помпа ја најави најновата верзија на оперативниот систем кој скокна една бројка и стигна до Windows 10. Како што можевме да очекуваме Windows 10 ќе биде скроен според барањата на корисниците и се враќа традиционалното Start копче кое сега е збогатено со активни икони и нов интерфејс позајмен од мобилните системи.

Windows 10 има неколку важни новитети кои ќе го збогатат корисничкото искуство како што е можноста за работа со апликации на допир на самиот десктоп, покрај употребата на тастатура и глувче. Новиот концепт е наречен Universal apps и неговата функционалност е позајмена од Windows таблетите.

Во Windows 10 корисниците ќе може да активираат четири прозори со активни апликации или програми на декстоп за поголем степен на мултитаскинг, а оваа опција одлично ќе се вклопи во верзијата на системот наменета за таблети…

повеќе на: http://telefoni.mk/news-8094-Oficijalno-Windows-10—Golemo-pozitivno-iznenaduvane.html#

[custom_frame_center]Официјално Windows 10 - Големо позитивно изненадувањеОфицијално Windows 10 - Големо позитивно изненадување[/custom_frame_center]

Извор: www.telefoni.mk

Датум на објава: 01.10.2014

By | 2014-10-01T08:51:14+00:00 01/10/2014|Информатичка технологија|