Охридска Банка ги Намали Каматите на Станбените Кредити

//Охридска Банка ги Намали Каматите на Станбените Кредити

Охридска Банка ги Намали Каматите на Станбените Кредити

Охридска банка, Societe Generale Group од 12.12.2012 година, изврши намалување на каматните стапки на станбените кредити на 6,2% фиксна каматна стапка за првите три години. Новите каматни стапки се однесуваат за новоодобрените кредити.[custom_frame_right][/custom_frame_right]

Дополнително, Охридска банка воведе промотивна акција во наредните три месеци. За сите клиенти кои во периодот до 12.03.2013 г. ќе аплицираат за станбен кредит со кредитно животно осигурување, ќе добијат кредит со 0 % административни трошоци.

Банката паралелно ја продолжи промотивната акција 0% административен трошок за сите клиенти на платен список кои ќе аплицираат за потрошувачки кеш експрес и компакт кредит за рефинансирање до 31.12.2012 г.

Постојните и нови кредитокорисници можат да добијат детални информации во врска со актуелната понуда и промоции во експозитурите на Охридска банка.

[custom_frame_center]Охридска Банка ги Намали Каматите на Станбените Кредити[/custom_frame_center]

Превземено: www.kapital.mk

Датум на објавата: 20.12.2012

By | 2012-12-21T12:17:45+00:00 21/12/2012|Банки|