Охридска Банка со Нова Интернет Страница

//Охридска Банка со Нова Интернет Страница

Охридска Банка со Нова Интернет Страница

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Охридска банка во четвртокот го промовираше својот нов интернет портал чија цел е да се прикажат информациите на најсоодветен начин за клиентите.

Новиот интернет ресурс на Охридска банка е дизајниран во согласност со новите корпортивни стандарди на францускиот банкарски гигант Societe Generale, а може да се најде на адресата www.ohridskabanka.mk.

Проектот за креирање на новата интернет страница беше лансиран со цел да се подготви платформа што ќе ги обединува институционалните информации и продуктната понуда на банката. Ресурсот има структура што, од една страна е едноставна и јасна за клиентите, а, од друга страна, пак, е информативна и сеопфатна.

Порталот е дизајниран во боите на Societe Generale – црвена, црна и бела. Во целост соодветствува со корпоративниот стил што групацијата го користи во земјите каде што е присутна.

Во новата верзија, ОБСГ применува ткн window site пристап: информациите за актуелната понуда на банката и константните фрекфентни алатки се поставени со директен пристап на почетната страница (home page). Ресурсот не е преоптоварен со текст, секоја фотографија содржи балансирана информација. Текстот е добро структуиран и распределен во блокови за подобра перцепција.

Интернет страницата на банката е развиен на CMS решение од NextSense. Полето за навигација содржи три клучни сегмента тематски распределени на Физички лица, Правни лица и За Банката. Функциите за кредитен и калкулатор за депозити, курсна листа и бројните формулари ќе им овозможат на посетителите да ја одберат соодветната услуга и да добијат информативна пресметка за посакуваниот производ.

За кусо врме, како што е најавено од банката, ќе започне втората фаза од развојот на вебсајтот, во чии рамки ќе биде пуштена во употреба англиската верзија, ќе се развиваат нови функционалности, ќе се следи статистика на посетите, а воедно е планирано и поедноставена верзија за корисниците преку мобилни апарати.

[custom_frame_center]Охридска Банка со Нова Интернет Страница[/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 26.07.2012

By | 2012-07-27T10:26:58+00:00 27/07/2012|Банки|