Охридска Банка Трајно Исклучена од Членство во Македонска Берза

/, Берза/Охридска Банка Трајно Исклучена од Членство во Македонска Берза

Охридска Банка Трајно Исклучена од Членство во Македонска Берза

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на 73-тата седница трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на Охридска банка АД Охрид – Оддел за работа со хартии од вредност.

Одземањето на дозволата за работа, посочуваат од КХВ, е поради донесена Одлука на Управниот и на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Охрид со која Одделот за работа со хартии од вредност престанува да врши услуги со хартии од вредност.

– Охридска банка АД Охрид трајно е исклучена од членство во Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Со згаснувањето на овој учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност функционираат вкупно 11 брокерски куќи и 5 овластени банки за работа со хартии од вредност, соопшти КХВ.

Комисијата за хартии од вредност при контрола на работењето на брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје утврди непочитување на Законот за хартии од вредност и на Правилникот за содржината и начинот на водење на книгата на налози.

– Брокерската куќа внесувала налози во системот за тргување без тие претходно да бидат запишани во книгата на налози што ја води Еуро Брокер АД Скопје. За сторената неправилност, на брокерската куќа и на нејзиниот директор, КХВ им изрече јавна опомена и истовремено, ги задолжи во рок од 30 дена да ја отстранат истата, посочува КХВ.

[custom_frame_center]Охридска Банка Трајно Исклучена од Членство во Македонска Берза[/custom_frame_center]

Превземено: www.ekonomski.mk

Датум на објавата: 13.11.2012

By | 2012-11-14T10:13:04+00:00 14/11/2012|Банки, Берза|