„Опел” го Прослави 150. Роденден и во Македонија

//„Опел” го Прослави 150. Роденден и во Македонија

„Опел” го Прослави 150. Роденден и во Македонија

Со најавата и премиерното претставување на „ампера”, европскиот автомобил на годината, минатата недела „Опел” го прослави 150. роденден и во Македонија. Својата успешна и единствена приказна „Опел” ја почна во далечната 1862 година. Тогаш, Адам Опел во браварската работилница на својот татко ја направи својата прва машина за шиење. Иако звучи помалку неверојатно, тој тогаш ги постави темелите на денешната компанија.

Во 1886 година, компанијата „Опел” станува еден од првите производители на велосипеди, а во 1901 година се појавува и првиот мотоцикл „опел”. Тоа по што е „Опел” денес најпознат, а тоа е производството на врвни автомобили, почна во 1899 година, Со тоа „Опел” станува вториот најстар производител на автомобили во Германија, а веќе во 1914 година и најголем. Понатаму се редеа легендарните модели „олимпија”, „олимпија рекорд”, „рекорд ПГ и „капитан”.

На прославата на 150 годишнината во нашата земја, „Опел” ја претстави и „ампера”, првиот електричен автомобил со продолжен дострел (со наполнети батерии вози до 60 километри, а потоа се вклучува 1,4 литарски бензински мотор, кој работи како генератор произведувајќи струја за електромоторот).

За своите верни обожаватели, „Опел” подготви и уште едно специјално роденденско изненадување. Станува збор за две наградни игри „Прета Опел” и „Фотопел”, во дизајн и фотографија на тема „150 години Опел”.

[custom_frame_center]„Опел" го Прослави 150. Роденден и во Македонија[/custom_frame_center]

Превземено: Фокус Дневен

Датум на објавата: 26.06.2012

By | 2012-06-26T01:37:46+00:00 26/06/2012|Автомобили|