Oрганизацијата Супербрендс ги претстави Супербрендовите во Македонија за 2017/2018 година

//Oрганизацијата Супербрендс ги претстави Супербрендовите во Македонија за 2017/2018 година

Oрганизацијата Супербрендс ги претстави Супербрендовите во Македонија за 2017/2018 година

Свеченото доделување на признанијата Супербрендс во Македонија се одржа во четврток, 7 февруари, во просториите на хотел Александар палас, Скопје. Повеќе од 100 гости од светот на бизнисот, маркетингот, медиумите и естрадата, како и претставници на организацијата Супербрендс, присуствуваа на оваа единствена прослава на брендингот. Пазарните марки кои ја добија престижната титула Супербренд Македонија 2017/18, примија признание за извонредниот успех. Свеченото доделување на дипломи, го заокружува петтиот по ред избор на супербрендовите во Македонија.

Повеќе од 1000 домашни и меѓународни брендови, распоредени во 23 категории, се наоѓаа на списокот на финалисти кој е издготвен во соработка со водечките маркетиншки и агенции за испитување на пазарот. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност. Во процес на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и преку 5.000 потрошувачи.
Пазарните марки кои го добија престижното Супербренд признание оваа година, уште еднаш докажаа дека квалитетот, препознатливоста, долговечноста и емоционалната поврзаност со потрошувачите дефинитивно ја надоградува вредноста на брендовите и гарантираат опстанок и конкурентност на домашниот и странскиот пазар.
На свеченото доделување беше претставено и најновото издание на Супербренд публикацијата која нуди многу фасцинантни увиди во тоа како поедини брендови настанале: често од скромни почетоци, до моќни брендови како што се денес.
Добитници на признанието Супербрендс Македонија за 2017 и 2018 година се:
Брилијант, Халкбанк, Акцент, ТВ24, Стоби Флипс, Еуролинк, Капитал, Еурофарм, Кибела, Кореа Ауто Трејд, Еден на еден, Брансис, Коузон, Раде Кончар ТЕП, Плива, Весна Гиновска Илкова, Пропоинт, Крушево, Златна Буба Мара, Универзитетот за туризам и менаџмент, Спорт Визион, Телекабел и Витанез.

Партнери на Супербрендс Македонија за 2017 и 2018 се: Пресклипинг, Баги комуникации и Мај принт.

На свечената манифестација беше претставен и новиот производ на Супербренд Интернационал: Супербрендс ТВ, услуга која им се нуди ексклузивно на членовите на Супербрендс ширум светот и им помага на голем број клиенти да создадат моќна дигитална промоција на своите брендови.

Меѓународната организацијата Супербренд е единствен глобален и независен авторитет во сверата на брендингот. Присутна е во преку 90 земји ширум светот и има за цел да ги идентификува водечките брендови на секој поединечен пазар како и да ја промовира дисциплината на брендингот. Организацијата, моментално соработува со повеќе од 15.000 пазарни марки од различни области. Реномираните светски брендови како што се: Coca-Cola, DHL, Google, IBM, McDonald’s, Microsoft, Wrigley и многу други, активно го употребуваа стекнатиот статус и знак во своите промотивни активности ширум светот.

Зоран Саздовски, Супербрендс, директор за Адриатик регионот:

Најдобрите пазарни марки во Македонија повторно се крунисани со глобалната награда Супербрендс. Супербрендс знакот не е само декорација на производот, туку званично признание на пазарната марка и шанса на компаниите да освојат нови потрошувачи и да ја задржат лојалноста кај постоечките. Тоа во прв ред е признание за минатиот труд, но претставува голема одговорност за идниот раст и развој.
Моќниот бренд не е само оној кој има добри финансиски резултати, туку оној кој има и висока емоционална вредност кај потрошувачите. Тој станува силен, позитивен бренд, со долгорочна лојалност кон потрошувачите, со високиот квалитет и свесноста за името на брендот. На пазарот му се потребни такви брендови

By | 2019-02-08T09:41:38+00:00 08/02/2019|Маркетинг|