Осигуртелниот Сектор Посојано Расте

//Осигуртелниот Сектор Посојано Расте

Осигуртелниот Сектор Посојано Расте

Осигуртелниот сектор посојано расте. Особено животното осигурување сепак поголем развој компаниите бараат измени во законската регулатива.

Осигурителниот пазар во земјава расте во во последните три години. Само до првата половина годинава склучени се над 450 илјади договори што е зголемување за 5 % во однос на лани, а бројот на договори за животно осигурување бележи пораст од 33 %. Но ова не е доволно за осигурителните компании бараат измени во законската регулатива за уште поголем стимул.

Во услови на криза во еврозоната ја вбројува нашата земја како еден од најдинамичните пазари во регионот наспроти тоа што половина земји од Југоисточна Европа остваруваат негативни стапки на раст на пазарот на осигурување, вели Климе Поповски од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Осигурителната фела очекува со одредени мерки и носење на нова соодветна легислатива од Владата, со цел за побрз развој на се уште недоволно развиениот осигурителен пазар и заземање значајна позиција на финансискиот пазар, вели Трајче Латиновски од Триглав Осигурување.

За министерстерот за финансии Ставрески растот на осигурителниот сектор бил резултат на здравите макроекономски политики што ги водела Владата, како и ефикасната супервизија на бизнисот.

Покрај проблемите со должничката криза во 2011 година на македонскиот пазар започнаа со работа две осигурителна друштва, чии мајки компании имаат седиште во еврозоната. Новиот Закон за осигурување е во подготовки кој ќе биде целосно хармонизиран со европските директиви, вели министерот за финансии Зоран Ставрески.

На денешното прво одбележување на Денот на осигурувањето бизнис заедницата излезе со оптимистички очекувања дека осигурителниот пазар дополнително ќе расте како резултат на новите законски решенија во делот на пензиското и здравствено осигурување. Осигурителната индустрија репродуцира годишна премија од околу 6.5 милијарда денари.

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 01.11.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Марија Мининчиќ

By | 2012-11-02T04:51:01+00:00 02/11/2012|Осигурување|