Отсега и Стружани ќе Пазарат во Рамстор

//Отсега и Стружани ќе Пазарат во Рамстор

Отсега и Стружани ќе Пазарат во Рамстор

Во производите и во поволностите на супермаркетите „Рамстор” од минатата недела можат да уживаат и стружани. Новиот супермаркет, инаку прв во овој град, се протега на површина од 1200 квадратни метри и е опремен со производи и со асортиман за да го покрие целиот охридско преспански регион.

„Рамстор Струга” е комплетно приспособен да ги задоволи потребите на потрошувачите од градот и од околните населби, со голема понуда на различни производи.

За нас како најбрзо растечки синџир на супермаркети во Македонија, проширувањето во охридскострушкиот регион е од исклучително значење, затоа што пред се е направено врз основа на истражувања што пакажаа дека пазарот е отворен и дека граѓаните имаат потреба од супермаркети „Рамстор”низ цела Македонија изјави Ебру Радевски, директор за инвестиции и лизинг на ,,ТЦ „Рамстор”.

Тој додава дека по направените истражувања и мерења на движењата и потребите на пазарот, резултатите покажале дека граѓаните од овој регион имаат потреба од супермаркет што работи по принципот „се на едно место” и што ќе понуди најмногу производи по најсоодветни цени и комплетно ќе ги задоволи потребите на граѓаните од овој регион.

Откако „Рамстор” е присутен во Македонија од 2005 година, ова е седмиот супермаркет што го отвораат и според тоа претставува најбрзо растечки синџир на супермаркети. Досега се присутни во Скопје и во Тетово со по три маркети.Тенденцијата на проширување на Рамстор продолжува и понатаму со планирани активности во другите градови и делови од државата. Ова е прв, но не и последен супермаркет во овој регион од Македонија.

[custom_frame_center]Отсега и стружани ќе пазарат во Рамстор[/custom_frame_center]

Превземено: Фокус Дневен

Датум на објавата: 17.12.2012

By | 2012-12-17T05:52:04+00:00 17/12/2012|Маркети|