Пазарот на Автомобили е Речиси Мртов

//Пазарот на Автомобили е Речиси Мртов

Пазарот на Автомобили е Речиси Мртов

Бизнисот со автомобили ја загуби атрактивноста. Половните возила фаќаат прашина на плацовите, инпортерите се жалат дека се помал е интересот за купување нови. За три години тројно е падната продажбата.

Пазарот на автомобили е речиси мртов. Поради презаситеност и новите и половните возила со месеци фаќаат прашина на плацовите и не можат да си најдат сопственици. И продажбата преку огласи оди слабо. Струмица е позната по паркинзите преполни со автомобили најчесно донесени од Бугарија, Швајцарија и Германија. Овде препродавачите велат дека едвај преживуваат.

Последните петшест месеци е падната продажбата. Се продаваат 1 до 2 месечно. Зимава беше малку послабо. Последниве шест месеци беше слаба работава… Најмногу се трошат од 2 до 3 иљади евра. Тоа е стандардот на нашиот народ, вели Вангел Паневски, сопственик на плац за половни возила.

На проблеми се жалат и импортерите на нови возила. Зимската загаденост на воздухот во Скопје ја искористија да побараат законски измени кои ќе дозволат увоз само на автомобили понови од 7 години кои ги исполнуваат високите ЕУРО 4 стандарди. Новите возила се карактеризираат со ниска емисија на јаглерод диоксид и штетни честички. Наспроти ова, во последните три години се увезоа околу 110.000 половни возила кои емитуваат огромна количина штетни честички во воздухот велат во Групацијата на импортери. Според нив, со владината мерка веќе е задоволен социјалниот момент да им се овозможи речиси на сите да дојдат до понов автомобил, но натамошниот увоз ќе влијаел негативно на животната средина. До пред 3 години се продавале и по над 10.000 нови автомобили, лани околу 4.000. Според податоците на Царинската Управа во 2012та влегле над 26.000 половни, во 2011та над 34.000, а во 2010та над 50.000.

Превземено: МТВ 1

Датум на објавата: 05.01.2013

Термин: 16.30 часот

Автор: Никола Крстиќ

By | 2013-01-08T09:17:01+00:00 08/01/2013|Автомобили|