Пекабеско Отвори Нов Погон за Месо и Сувомеснати Производи

//Пекабеско Отвори Нов Погон за Месо и Сувомеснати Производи

Пекабеско Отвори Нов Погон за Месо и Сувомеснати Производи

Домашна компанија ја оствари најкрупната инвестиција во општина Илинден.

Проект вреден над 13 милиони евра, кој ќе обезбеди вработување на 200 лица,од кои 50 во почетната фаза.

Дел од средствата се обезбедени  преку кредит од ЕИБ, а останатите се сопствени пари.

Новата фабрика,  според министерот Димовски ќе претставува продолжена рака за извоз на европскиот пазар.

– Ова е одличен пример и потврда на аграрните политики на Владата на Р.М, која во својата посветеност за реализација на програмските цели и приоритети, особено внимание и интерес посветува токму на земјоделскиот сектор, како дејност која покрива голем дел од нашата територија и игра клучна улога во одредувањето на состојбата во руралната економија, вели министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

Оваа инвестиција во едната од деветте економски зони во општина Илинден,е најкрупната помеѓу 110 проекти кои се остварени во последниот период во оваа општина.

Ова е осмата крупа инвестиција во Македонија, во инвестицискиот циклус во последниот период. Покрај странските компании, крупни проекти остваруваат и домашните.

[custom_frame_center]Пекабеско Отвори Нов Погон за Месо и Сувомеснати Производи[/custom_frame_center]

Превземено: www.sitel.com.mk

Датум на објавата: 17.11.2012

Автор: Ана Петковска

By | 2012-11-19T10:01:28+00:00 19/11/2012|Земјоделство|