Подвижни Канцеларии за Земјоделците

//Подвижни Канцеларии за Земјоделците

Подвижни Канцеларии за Земјоделците

Триста шеесет и пет дена подвижна канцеларија за „земјоделците” е новиот проект на Владата што ќе почне од крајот на овој или на почетокот на идниот месец велат во Владата. Проектот предвидува директна теренска посета и комуникација со земјоделците во местата каде што живеат со цел задоволување на своите потреби и интереси. За тоа се веќе обезбедени осум специјални комби возила технички опремени со потребни материјали.

Наместо во канцеларија, вработените од ресорното Министерство својата работа ќе ја извршуваат директно на терен, меѓу земјоделците. Тоа ќе значи брз и ефикасен сервис за нив, намалување на трошоците, заштеда на времето и ресурсите, како и унапредување на досегашната комуникација со Владата  велат во Владата.

Комбињата секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот ќе посетуваат и ќе работат во најмалку едно населено место, но некогаш и во повеќе, а ќе остануваат и подолг период од денот доколку има потреба. Заинтересираните граѓани и земјоделците ќе можат да поднесуваат барања за субвенции и за доделување државно земјоделско земјиште, да добиваат совети, да се информираат и да ги завршат обврските околу проектите и програмите за поддршка на земјоделството.

Во секоја подвижна канцеларија ќе работат по две до три лица од ресорното министерство, а согласно со спецификите на населеното место, вклучени ќе бидат и претставници од Платежната агенција, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Агендата за работата на подвижните канцеларии ќе се дефинира деновиве, а ќе биде објавена во текот на месецов.

[custom_frame_center]Подвижни Канцеларии за Земјоделците[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 09.08.2012

Автор: В.А.

By | 2012-08-09T10:45:17+00:00 09/08/2012|Земјоделство|