Поголем Комодитет за Учениците

//Поголем Комодитет за Учениците

Поголем Комодитет за Учениците

Намалување на бројот на часови, намалување на бројот на ученици во една паралелка. Овие барања ги упати СОНК до Министерството за образование. Учениците во трето и четврто одделение имаат по 6 часа трипати во неделата. Констатирано е дека децата на возраст 9 и 10 години немаат доволно внимание да ја следат наставата по третиот час. Обемни се и паралелките со 34 ученици. Часовите ќе бидат поефективни доколку нивниот број се намали.

Концентрацијата на ученикот на таа возраст е два и пол часа. Останатото време тој не е концентриран, не може најдобро да ја следи воспитнообразовната работа. Во тој случај резултатите кои ќе ги постигне ученикот ќе бидат слаби, а со тоа и кога наставниците ќе ја вреднуваат работата на учениците, оцените ќе бидат пониски. Според законската регулатива за слабите резултати наставникот може да биде парично санкциониран, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Министерот Панче Кралев се согласува со предлогот на СОНК, но допрва треба да се изнајде решение како ќе се реши проблемот. Не се знае дали ќе има менување на наставната програма.

Не можам да кажам како ќе се одвива решението, сепак тоа треба да го утврдат стручните служби. Но, ако ова го засега ученикот, наставникот и родителите тогаш мора да се најде решение за тоа, изјави Панче Кралев, министер за образование.

Проблем имаат и наставниците кои работат во средните стручни училишта. Интересот за упис во овие школи е слаб. Просветарите стравуваат дека ќе останат без доволен фонд часови. Кралев вели дека пазарот на труд има потреба од стручни кадри со завршено средно, затоа полуматурантите треба повеќе да се мотивираат и да одлучат за ваков тип образование.

[custom_frame_center]Поголем Комодитет за Учениците[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 23.04.2012

Автор: Весна Ќуксановиќ

By | 2012-04-23T04:06:45+00:00 23/04/2012|Образование|