Повеќе Пари за Капитални Инвестиции во Следните 5 Години

//Повеќе Пари за Капитални Инвестиции во Следните 5 Години

Повеќе Пари за Капитални Инвестиции во Следните 5 Години

Владата ја усвои националната програма за развој на земјоделството. Таа ќе донесе повеќе капитални инвестиции во овој клучен сектор за македонската економија но и ќе се заостри условите за добивање субвенции. Програмата предвидува 725 милиони евра финансиска подршка во следните 5 години. Но од земјоделците ќе се бара доследно почитување на стандардите во обработката на земјиштето.

Повеќе пари за капитални инвестиции во следните 5 години. Националната програма за финансиска подршка во земјоделството предводува зголемување од над 30 милиони евра на годишно ниво за руралниот развој. Се зголемуваат и средствата за поволни кредити за откуп и извоз. Од 3 милиони евра идната година до 5 милиони 2017 година.

Политиките на рурален развој за кофинансирање со 50% на инвестициите за модернизација на земјоделските стопанства, постигнување на стандардите кај преработувачките капацитети, подобрување на руралната и маркетинг инфраструктура пред се наводнување и започнување на техниката консолидација имаат зајакната улога во однос на претходниот период, рече Љупчо Димовски министер за земјоделство.

Ќе се заоструваат и контролите на терен за земјоделците. Со националната програма се предводува да се намали износот за субвенции на годишно ниво доколку не ги почитуваат стандардите за обработка на земјиште или правилна употреба на ѓубривата и пестицидите.

Се знае не да се фрла било какво ѓубре него она што е соодветно за тоа земјиште но стручни лица ќе го потврдуваат ќе даваат совети што е поврзано со службата за давање на техничка помош на земјоделците, рече Владимир Пешевски вицепремиер за економски прашања.

Со националната програма ќе бидат одвоени 725 милиони евра. првата година 135 милиони, во втората 140 а следните 3 години по 150 милиони евра.

Превземено: Сител

Датум на објавата: 25.10.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Марина Доковска

By | 2012-10-26T01:38:52+00:00 26/10/2012|Земјоделство|