Претставници на Кемпински во Скопје – Ќе се Гради ли Луксузен Хотел?

/, Туризам/Претставници на Кемпински во Скопје – Ќе се Гради ли Луксузен Хотел?

Претставници на Кемпински во Скопје – Ќе се Гради ли Луксузен Хотел?

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Дали хотелскиот бренд Кемпински ќе гради хотели во Македонија. Од реномираниот хотелски синџир биле заинтересирани да изградат хотели во Скопје и во Охрид. Нивни претставници се во земјава со цел да ги разгледаат условите за инвестирање по што ќе ја донесат одлуката.

Европскиот хотелски бренд Кемпински доаѓа во Македонија. Високи претставници утре и во четврток во Скопје и Охрид ќе ги разгледаат можностите за изградба на луксузни хотели со 5 ѕвезди.

Тие ќе остварат средби со потенцијални партнери за заедничка инвестиција, информираат од Агенцијата за привлекување на странски инвестиции. Од таму не откриваат за кои локации се заинтересирани претставниците на луксузниот синѕхир на хотели, неофицијално една од локациите што ќе им биде понудена локација во Скопје близу Вардар.

Ние како Влада последниве години направивме доста за привлекување на странски ланци за хотели. Најнапред почетната цена за јавно наддавање за продажба на градежно неизградено земјиште ја сведовме на 1 евро, симболична почетна цена, потоа овозможивме драстично намалување на надоместокот за уредувања на градежно земјиште или народски кажано комуналиите ги намаливме за 95%. Но исто така премиерот потпретседателите на владата сегде каде што одат на тие познати роуд шоуа ја презентираат Македонија како добра дестинација за инвестирање, изјви Миле Јанакиевски министер за транспорт и врски.

Кемпински стартува од Берлин во 1897 година. 115 години гради бренд на луксузно гостопримство во европски традиционален стил истовремено почитувајќи ги културите кои се специфични за секој регион, земја и имот.

Освен во Европа, присутен е во Кина, Блискиот Исток и Африка, региони каде Кемпински често пати бил пионер.

Кон крајот на годината Кемпионски стартува со работа во Најроби, Кенија, во Виена, Австрија, два хотела во Кина, а идната година на Блискиот Исток. Вкупно Кемпински поседува повеќе од 72 хотели низ 31 земја.

Близу до Македонија, Кемпински има два хотели во Бугарија и по еден во Хрватска и Словенија.

Превземено: Канал 5

Датум на објавата: 28.08.2012

Термин: 18.00 часот

Автор: Маја Дамјановска

By | 2012-08-29T05:14:11+00:00 29/08/2012|Економија, Туризам|