Приносите Намалени, Родот со Екстра – Квалитет

/, Земјоделство/Приносите Намалени, Родот со Екстра – Квалитет

Приносите Намалени, Родот со Екстра – Квалитет

[custom_frame_left]Untitled[/custom_frame_left] Комбајните вчера ги ожнеаја првите класови жито во ЗК „Пелагонија”, најголемиот произведувач на лебно зрно во Македонија, со што беше означен и почетокот на жетвата во најголемата житница во земјава  Пелагонија. Годинава ќе бидат ожнеани 16.000 хектари земјоделска површина со пченица, од кои половината, односно 8.000 хектари во земјоделскиот комбинат. И покрај намалените приноси поради неповолните временски услови, годинашниот род во ЗК „Пелагонија” е со висок квалитет.

Поради сушата, приносите се намалени за 15 проценти кај житото. Очекуваме принос од 3.700 килограми на хектар, а во последните години добивавме по 4.200 килограми. Од сите земјоделски површини со кои располага комбинатот ќе се добијат околу 30.000 тони пченица изјави Драги Петровски, генерален директор на ЗК „Пелагонија”.

Врз приносите влијаеше сушната есен, кога добар дел од пченицата не никна, поларната зима исто така и го попречи развојот, а пролетва дождовите дојдоа подоцна. Сепак, житото произведено во ЗК „Пелагонија” е со далеку повисок квалитет од она во индивидуалниот сектор, па мелничарите не се двоумат за него да дадат и повисока откупна цена.

Годинашната жетва во ЗК „Пелагонија” ќе се изведува со модернизирана механизација. Набавени се четири нови комбајни, а се очекува да пристигнат и шест трактори од Америка. Земјоделскиот комбинат ова лето ќе ожнее 12.500 хектари, од кои 65 проценти со жито, а останатите со јачмен и други есенски култури. Дел од јачменовиот род ќе се продаде на соседниот пазар во Грција.

Поголемиот дел од производството ни е за сопствени потреби, за добиточна храна и она што е вишок, околу 4.000 тони, се продава на домашниот и на странскиот пазар  велат од комбинатот.

Поради квалитетот, интерес за откуп на земјоделските производи од „Пелагонија”, освен во Грција, има и во Албанија и во Косово.

Во индивидуалниот сектор во Пелагонија ќе бидат ожнеани 8.000 хектари со пченица, но поради сушата, приносите ќе бидат намалени до 30 отсто.

[custom_frame_center]Приносите Намалени, Родот со Екстра - Квалитет[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 11.07.2012

Автор: Ж.З.

By | 2012-07-11T06:37:12+00:00 11/07/2012|Економија, Земјоделство|