Програма на 10. Издание на МТФ „СкупиФестивал“ 2016

//Програма на 10. Издание на МТФ „СкупиФестивал“ 2016

Програма на 10. Издание на МТФ „СкупиФестивал“ 2016

Десетотто јубилејно издание на Меѓународниот  Театарски Фестивал „СкупиФестивал“ ќе се одржи од 3 до 9 ноември 2016 година, во просториите на Младинскиот Културен Центар – Скопје.

Од 3 ноември публиката ќе има можност да проследи седум претстави кои ќе се изведуваат на сцената во Сала Фросина – МКЦ. Програмата содржи претстави кои варираат од светски класици до современи авторски проекти. Фестивалот ќе биде отворен со безвременската италијанска комедија „Слуга на двајца господари“ на Карло Голдони, во продукција на Професионалниот Театар Призрен од Косово, а на затварањето ќе биде прикажана претставата „Жозефина“ на независниот театар Шаливате од Брисел, Белгија. Во останатите денови ќе можат да се проследат претстави на гостувачки театри од Турција, Република Чешка, Унгарија, Бугарија и Албанија.

Целосната програма може да се проследи на официјалната веб-страница  www.skupifestival.org.mk.

Во текот на фестивалот ќе биде промовирана и монографијата објавена по повод 10 годишното постоење на фестивалот.

Билетите по цена од 150 денари, почнувајќи од 29 oктомври – сабота, ќе можат да се купат на билетарницата на МКЦ или да се резервираат на bileti@mkc.mk.

МТФ „СкуоиФестивал“ 2016 е поддржан од Министерството за Култура на РМ и Советот на Град Скопје.

[custom_frame_center]10 years ITF Skupi Festival[/custom_frame_center]

 

By | 2016-11-02T14:14:17+00:00 02/11/2016|Култура|