Промена на ПИН Код на Банкоматите на Охридска Банка

//Промена на ПИН Код на Банкоматите на Охридска Банка

Промена на ПИН Код на Банкоматите на Охридска Банка

Охридска банка воведе нова функционалност на банкоматите на банката  промена на ПИН код за дебитните и кредитните картички од брендовите Мастеркард и ВИЗА издадени од Охридска банка.

Новата услуга им овозможува на корисниците на картички од Охридска банка да извршат промена на постојниот ПИН код, доделен при издавање на картичката, со нов ПИН код кој ќе биде сопствена комбинација од четири цифри по избор на клиентот.

Со промена на ПИН кодовите на картичките, клиентите имаат можност да креираат еден ПИН код за сите картички издадени од Охридска банка или ПИН кодови по сопствен избор што ќе им овозможи истите полесно да ги запомнат. Промената на ПИН кодот е можна само за картичките издадени од Охридска банка и на банкоматите од банката.

За успешноста на промената на ПИН кодот клиентите се известуваат преку посебна порака на дисплејот на банкоматот на кој се врши промената и со потврда за извршена промена во форма на слип издаден од банкоматот. Промената на ПИН кодот е можна неограничен број пати без обврска да се посетат експозитурите на банката и без дополнителна документација.

Промената на ПИН кодот не е можна ако важноста на картичката истекува за помалку од 40 дена. Промената на ПИН кодот се тарифира 100 денари по промена.

[custom_frame_center]Промена на ПИН Код на Банкоматите на Охридска Банка[/custom_frame_center]

Превземено: Капитал Дневен

Датум на објавата: 23.08.2012

By | 2012-08-23T05:01:23+00:00 23/08/2012|Банки|