Промовирани Новите „Ауди А3“ и „Голф 7“

//Промовирани Новите „Ауди А3“ и „Голф 7“

Промовирани Новите „Ауди А3“ и „Голф 7“

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Порше Македонија ги промовираше новите авотмобили „ауди А3“ и „голф 7“. Двете возила се со значително изменета форма во однос на претходниците, со поголема економичност и подобрени технички карактеристики.

Новиот „ауди А3“ е дури 80 килограми полесен од неговиот претходник. Дизајнот и формата на автомобилот го потенцираат спортскиот карактер на возилото, а моторите се напредни со ултра нова економична технологија и ниска емисија на гасови. Достапен е со два бензински (1,4см3 со 122КС и 1,8см3 со 180КС) и два дизел-мотори (1,6см3 со 105КС и 2,0 со 150 КС). „Ауди А3“ ќе се продава со почетна цена од 22.000 евра.

Винко Марашевиќ, директор на продажба во Порше, рече дека овој модел детално ја следи филзофијата на Ауди, што значи „Напредок низ техниката“.

„Од воведувањето на ’ауди А3‘ во 1996 година се продадени повеќе од 1,5 милиони примероци. Во Македонија, конктрено во премиум-сегментот, во кој спаѓа ова возило, имаме продажба колку што заедно имаат нашите два најголеми конкуренти“, истакна Марашевиќ.

Новиот „голф 7“ е најлесната и најекономичната верзија на голф досега. Автомобилот, кој е за половина сантиметар поширок и подлг од неговиот претходник, изгледа многу покомфорно. Неговата тежина е намалена за дури 100 килограми, а за да се надомести стабилноста проширено е меѓуосовинското растојание и спуштена е висината на лежиштетото на моторот. Сепак, најголема предност на новиот голф е намалената потрошувачка за 13,9%, а кај некои мотори и до 23%. „Голф 7“ се нуди во две бензински и две дизелл-опции. Може да се избира меѓу мотор со зафатнина од 1,2см3 со 85КС, како и 1,4см3 со 140КС. Кај дизел-моторите може да се бира меѓу 1,6 см3 ТДИ (со потрошувачка од 3,8 литри на 100 км) и 2,0 ТДИ с 150 КС.

[custom_frame_center]Промовирани Новите „Ауди А3“ и „Голф 7“[/custom_frame_center]

Превземено: www.kapital.mk

Датум на објавата: 15.11.2012

By | 2012-11-16T11:23:26+00:00 16/11/2012|Автомобили|