Работилници за Подобрување на Квалитетот на Млекото

//Работилници за Подобрување на Квалитетот на Млекото

Работилници за Подобрување на Квалитетот на Млекото

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Федерацијата на фармерите во рамки на заедничката програма со Француската асоцијација на земјоделци за меѓународен развој (АФДИ) поддржана од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) организира четири работилници за подобрување на хигиената и квалитетот на млекото за фармери од Република Македонија.

Целта на работилниците е да се обезбеди спој меѓу научните достигнувања и земјоделските практики што ќе води кон подобрување на постапките при млекопроизводството, а со тоа кон подобрување на хигиената и квалитетот на млекото во Република Македонија.

Пилот-групата фармери ќе ги посети партнерските институции во Косово каде откупот на млеко се изведува и по квалитет.

Во оваа фаза се вклучени пилот-групи фармери од Тетово, Куманово, Скопје и Прилеп, а активностите ќе се изведуваат на две пилот-фарми каде со земање мостри од млеко ќе се следат постапките за подобрување на хигиена и квалитет на млеко (употреба на хигиенски препарати, правилна употреба на молзилици…)

Како чинители во ланецот на производство, во активностиет на проектот се вклучени и три млекарници кои откупуваат и преработуваат млеко.

[custom_frame_center]Работилници за Подобрување на Квалитетот на Млекото[/custom_frame_center]

Превземено: www.denesen.mk

Датум на објавата: 10.09.2012

By | 2012-09-11T03:16:23+00:00 11/09/2012|Млеко|